Психолозите објаснуваат дека детето во периодот на адолесценцијата развива чувствителност кон другите и станува способно да изгради цврсти и длабоки врски. Заради тоа многу пријателства од основно или средно училиште опстојуваат цел живот, а нивниот прекин во таа возраст може да остави длабоки негативни последици на психата.
Истражувањата покажуваат дека на децата им се најважни пријателствата склопени во 12.година. Тие се значајни, затоа што влијаат на сликата која ја создаваат децата за себе. Освен тоа, им помагаат да го кренат нивото на самодоверба и да влијаат на тоа каков однос ќе имаат кон луѓето кога самите ќе бидат зрели луѓе.
Фото: Pixabay