Додека едни велат дека е подобро да се имаат деца во дваесетите, други советуваат дека е добро да ги имате дури и во четириесетите. Меѓутоа, здравствените проблеми се лошата страна и на едните и на другите години, истакнуваат стручњаците.
Според резултатите од студијата на д-р Џон Мировски од Универзитетот во Тексас, совршена возраст за раѓање се 34 години.
„На оваа возраст жените се оптимално здрави и подготвени за бременост“, рекол д-р Мировски кои дошол до резултатите врз основа на разговорот со 1800 мајки, поставувајќи им прашања за моменталната здравствена состојба.
Други стручаци се согласиле со неговиот заклучок и додале дека жените на оваа возраст имаат идеална количина енергија и се довочно зрели и одговорни за подигање на дете.
Исто така, станува збор и за финансиски постабилни лица во здрави емоционални врски, истакнале авторите на студијата.
Фото: Pexels