Научници: Вадењето крајници е штетно и треба да се избегне или максимално да се одложи

Ова беше прва студија за долгорочните последици од остранувањето на крајниците, а огромниот примерок на кој е направена им дава сериозна тежина на резултатите, велат авторите а пренесува порталот IFL Science.

0
1691

Иако операцијата на крајниците (tonzilektomija) и операцијата на третиот крајник (adenoidektomija) се сметаат за рутински операции кои не оставаат последици, новата пионерска студија објавена во списанието JAMA покажала дека децата на кои им се извадени крајниците подоцна имаат повеќе здравствени проблеми.

Тим научници од Универзитетот во Мелбурн ги проучувал медицинските податоци за дури 1,2 милиони Данци чие здравје е следено од раѓањето до десетата или дури до триесетатата година. Она што го утврдиле е дека децата на кои крајниците им се извадени  до деветата година подоцна три пати почесто заболувале од алергии или инфекции на респираторните патишта – астма, грип, воспаление на бели дробови. Децата на кои им е опериран третиот крајник, два пати почесто заболувале од наведените болести, како и од опструктивни болести на белите дробови и конјуктивитисот.

Исто така, анализата покажала дека проблемите со дишењето и хроничните воспаленија на увото или синусите – што се најчести причини за вадење на крајниците – често се враќаат по операцијата.

Ова била прва студија за долгорочните последици од отстрабнувањето на крајниците, а огромниот примерок на кој е направена им дава сериозна тежина на резултатите, велат авторите.

Препорака на научниците е вадењето на крајниците да се избегнува секогаш кога се на располагање други видови на лекување. Исто така, доколку се сите други можности исцрпени, лекарите би требало да ја одложуваат боперацијата колку што е тоа можно, за да се развие подобро имунитетот ма детето.

„Сите три крајници се дел од лимфниуот систем и играат клучна улога во нормалниот развој на системот за имунитет и препознавањето на патогените во текот на детството, па не чуди што нивното отстранување оневозможува откривање на патогени и што го зголемува ризикот од респираторни инфекции и заразни болести“, е заклучок на научниците кои додаваат: Има се повеќе резултати од истражувањата за развој на болестите, кои убедливо покажуваат дека дури и малите пореметувања во развојот на фетусот и подоцна во растот и развојот на детето можат да имаат доживотни последици по општото здравје“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]