Неодамна развиениот тест на крвта за аутизам би можел да помогне во раното дијагностицирање на оваа болест. Тоа би можело да значи порани интервенции, а со самото тоа и поповолни резултати за децата кои боледуваат од аутизам.
Оваа нова експериментална метода ги мери метаболитите од примерок од крв, а известување за иновацијата е објавено во списанието Bioengineering & Translational Medicine.
„Со точност од 88 отсто можеме да предвидиме дали децата имаат аутизам“, рекол главниот автор на истражувањето, професор.др.Јирген Хан.
Првите знаци на аутизам е можно да се видат помеѓу 18 и 24 месеци од животот, но на децата најчесто не им се дијагностицира до 4.година. Имено, дијагнозата зависи од клиничките посматрања, а децата не покажуваат јасни знаци на аутизам до поголема возраст.
Методот на Хан ги бара метаболитите во крвта кои се релевантни за две поврзани клеточни патувања.
„ПОстои сомнеж дека метионинскиот циклус и пат и транссулфурациите се поврзани со пореметувањата од аутистичниот спектар. Претходно истражување развило алгоритам кој ја користи концентрацијата на компонента во крвта како би се видело дали е крвта од вообиаечно развиено дете или од дете со аутизам“, изјавил Хан за Healthline.
Неговиот тим сега собира средства за натамошни испитувања кои би можеле да помогнат во што пораното дијагностицирање на аутизмот, а со самото тоа и за подобар исход на болеста.