Научниците предупредуваат: Човечките пениси се намалуваат поради загадувањето!

Научничката Шана Свон во својата нова книга пишува дека човештвото се соочува со „егзистенцијална криза“ во стапките на плодност како резултат на фталатите, хемикалии што се користат во производството на пластика и дека како резултат на ова загадување, се поголем број бебиња се раѓаат со мали пениси. Младата активистка Грета Тунберг на Твитер шеговито забележа дека загриженоста заради намалувањето на пенисите ќе натера повеќе луѓе да ѝ се придружат на климатските протести

0
388

Човечките пениси се намалуваат поради загадувањето, предупредува научничката Шана Свон во нејзината нова книга Countdown (Одбројување).

Д-р Свон открива дека хемикалиите наречени фталати предизвикуваат раѓање на деца со оштетени гениталии. Пенисите се намалуваат, а гениталиите стануваат неправилно обликувани поради загадувањето, предупредила споменатата научничка во новата книга која детално ги опишува предизвиците со кои се соочува човечката репродукција.

Д-р Шана Свон пишува дека човештвото се соочува со „егзистенцијална криза“ во стапките на плодност како резултат на фталатите, хемикалии што се користат во производството на пластика што влијае на ендокриниот систем кој произведува хормони.

Како резултат на ова загадување, се поголем број бебиња се раѓаат со мали пениси, пишува д-р Свон.

Нејзината книга испитува „како нашиот современ свет е закана за бројот на сперматозоиди, менувајќи го репродуктивниот развој на мажите и жените и нарушувајќи ја иднината на човечката раса“. Истражувањето на д-р Свон започнало со испитување на фталатниот синдром, нешто што било забележано кај стаорците, што покажало дека кога се изложени на хемикалии фетусите најверојатно ќе се родат со смалени гениталии.

Открила дека машките човечки бебиња кои биле изложени на фталати во матката имале пократка аногенитална оддалеченост – нешто што е во корелација со волуменот на пенисот. Хемикалијата се користи индустриски за да се создаде пофлексибилна пластика, но д-р Свон вели дека се пренесува во играчките и храната, а потоа му штети на човековиот развој.

Фталатите го имитираат хормонот естроген и со тоа го нарушуваат природното производство на хормони во човечкото тело, што истражувачите го поврзале со вмешување во сексуалниот развој на новороденчињата и однесувањето на возрасните. Д-р Свон, која е професор по медицина на животната средина и јавно здравје во болницата Монт Синај во Њујорк, ја заснова својата работа врз низа рецензирани истражувачки извештаи.

Едно истражување објавено во 2017. година покажало дека нивото на сперматозоиди кај мажите во западните земји паднало за повеќе од 50% во последните четири децении по испитувањето на 185 студии во кои учествувале близу 45.000 здрави мажи.

Д-р Свон верува дека стапката на брзо опаѓање на плодноста значи дека повеќето мажи нема да можат да произведат одржлива сперма до 2045 година.

Младата активистка Грета Тунберг која е многу сериозна во врска со климатските промени, покажа дека има и смисол за хумор откако со својот твит шеговито сугерира дека загриженоста заради намалувањето на пенисите ќе натера повеќе луѓе да ѝ се придружат во климатските протести.
Споделувајќи го насловот на сторијата на Скај Њуз за предупредувањата, Грета (18) на Твитер напиша: „Се гледаме на следниот климатски протест“, проследено со смајли. Нејзиниот твит собра повеќе од 240.000 лајкови за помалку од 13 часа.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]