Научниците открија зошто короната кај децата најчесто предизвикува благи проблеми

Одамна е познато дека коронавирусот кај децата најчесто предизвикува само благи проблеми, но досега не беше целосно јасно зошто е тоа така.

0
172

Новото истражување покажало дека имунолошкиот систем на децата е подобро подготвен за нападите на коронавирусите отколку имунолошкиот систем на возрасно лице благодарение на клетките во горниот респираторен тракт кои се постојано во состојба на готовност.

Затоа телото на детето во случај на инфекција брзо успева да го „отфрли“ вирусот, односно пред да се мултиплицира масовно.

Ова веројатно објаснува зошто децата многу поретко заболуваат од ковид, отколку возрасните, напишаа научниците од Универзитетот во Берлин и Хајделберг во списанието Nature Biotechnology.

„Сакавме да откриеме зошто одбраната против вирусот очигледно функционира многу подобро кај децата“, вели Ирина Леман, раководител на Одделот за молекуларна биологија во Берлинскиот здравствен институт (BIH).

Во потрага по одговор, научниците зеле клетки од носната слузница на 42 здрави и 44 болни возрасни и деца. Потоа, меѓу другото, тие ја анализирале активноста на одредени гени во одделни клетки.

За брза борба против вирусот, мора да бидат активни таканаречените рецептори за препознавање, кои иницираат одбрана на телото, објаснуваат тие.

И токму овој систем во клетките на горниот респираторен тракт и во некои клетки на имунолошкиот систем бил многу „буден“ кај децата, покажала анализата.

Кај возрасните, напротив, „системот за рано предупредување“ е фатен неподготвен, а во тој случај вирусот се шири побрзо и поефикасно.

„Научивме од оваа студија дека не постојат само фактори на ризик за ковид, туку и фактори на заштита“, вели Леман.

Авторите тврдат дека нивните наоди би можеле да го отворат патот за нови истражувања за тоа дали научниците можат превентивно да стимулираат заштитна реакција на коронавирус кај пациенти со висок ризик за да го доведат до нивото што го имаат децата изложени на вирусот.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]