Детството на Антоан де Сент Егзипери било тешко – останал без татко кога имал 4 години, на 17 години ги губи помладиот и единствен брат Франсоа, а имал уште три сестри од кои една умерал пред Втората светска војна. Во еден од најтешките животински периоди, кога го кршеле губитоци, болест и ратниот виор, напишал молитва која и денеска би требало да и ја повторуваме во најтешките моменти:
„Господе, јас не молам ниту за чуда ниту за привиденија, туку за секојдневна сила. Научиме на уметноста на малите чекори.
Направи ме повнимателен и поснаодлив, за да можам во разноликоста на секојдневниот живот да се задржувам на откритијата и искуствата кои ме возбудуваат.
Научи ме правилно да располагам со времете на својот живот. Подари ми убав дар да го разликувам примарното од секундарното.
Јас молам за снага на воздржаност и мерка, за да можам разумно да го планирам текот на денот, наместо да летдам и да се лизнам. Да можам да ги видам врвовите и пространствата и дури понекогаш да најдам време да уживам во уметноста.
Помогни ми да сфатам дека илузиите не се од помош. Ниту сеќавањето за минатото, ниту соништата за иднината. Помогни ми да бидам сега и овде, и да го прифатам овој момент како најважен.
Спаси ме од наивното уверување дека сѐ во мојот живот треба да биде мазно.
Подари ми јасно спознание дека тешкотиите, поразите, падовите и неуспесите се само природен, составен дел од животот, благодарение на кои раснеме и созреваме.
Потсетувај ме дека срцето често се бунтува со причина.
Испрати ми во вистински момент некој кој има храброст да ми ја каже вистината, но да ми ја каже со љубов!
Знам дека многу проблеми се решаваат ако ништо не се направи затоа научи ме на трпение.
Ти знаеш колку е силна мојата потреба за пријателство. Дај ми да бидам достоен за тој најубав и најнежен Дар на Судбината.
Дај ми богата фантазија, за да мижам во потребното време, во потребниот момент, на вистинското место, во тишина или зборувајќи, некому да му ја подарам неопходната топлина.
Направи од мене човек кој знае да допре до оние кои се навистина на дното.
Спаси ме од стравот дека ќе пропуштам нешто во животот. Не ми го давај тоа што јас го сакам, туку тоа што ми е навистина потребно.
Научи ме на уметноста на малите чекори“.
Фото: Pixabey