Научете ги децата да се дружат

Освен дружење дома, разгледајте ги можностите за вклучување на детето во некоја спортска или уметничка активност кадешто може да запознае врсници и да се дружи.

0
222

Секое дете, па и вашето, најсигурно се чувствува во природна, позната средина и на сопствен терен, па ви предлагаме да организирате попладневни или претпладневни дружења во вашиот дом.

Убедете го да покани еден или двајца другари, направете им сок, нешто за грицкање и оставете ги да се дружат.

Претходно објаснете му на детето што значи да се биде добар домаќин, предложете му што да прават, што да си играат, кои филмови да ги гледаат…бидете им на располагање ако нешто им затреба и дискретно следете што прават.

Доколку забележите дека им е здодевно, дека е секој загледан во својот телефон, дека не комуницираат или ако вашето дете е премногу срдечно па прави работи кои во вашиот дом се забранети само за да ги задоволи другарите, размислете дали е направен добар избор.

Тоа не значи дека треба да се откажете од овој вид на дружење, туку обидете се со некој друг со кој вашето дете полесно е најде заеднички интереси.

Освен дружење дома, разгледајте ги можностите за вклучување на детето во некоја спортска или уметничка активност кадешто може да запознае врсници и да се дружи. Охрабрете го да се запознава со деца, да им приоѓа или барем да прифати туѓа иницијатива.
Објаснете му дека не треба да влегува во нови односи со страв од отфрлање, затоа што тоа најверојатно нема да се случи, а може многу да добие.

Доколку вашето дете е специфично па заради тоа не е прифатено, од разговор со него дознајте што ги интересира другите деца.

Не треба да му советувате да гледа реалити шоу за да најде заеднички теми со другите или да го менува својот музички вкус, да ја отфри пристојноста и да почне да пцуе, туку реално да го согледа она што ги поврзува другите деца.

Можеби се тоа видео-игри, шах, спорт, некое хоби ии нешто што би моело и нему да му се допадне.

Мали се шансите да не помогне ништо од ова, но ако дојде до тоа, позборувајте со наставниците, зашто тие знаат подобро како се однесуваат нашите деца во училиште и што „чкрипи“ во нивната комуникација со околината.

Послушајте го секој добронамерен совет, но така за вашето дете да не се почувствува предадено.
Суштината е во тоа детето да се прилагоди кон врсниците, а да не се откаже од себе и од она што е.

[better-ads type='banner' banner='999' ]