Според истражувањето направено на 35 семејства, делот од мозокот кој ги регулира емоциите е повеќе сличен на мајките и ќерките отколку на кое било друго меѓугенерациско спарување. А тоа може да значи дека е поверојатно мајката да разбере од каде доаѓаат вашите реакции кога ќе се соочите со проблем, затоа што таа би можела да се стави на ваше место.
Водечкиот автор на студијата Фумико Хоефт, вонреден професор по психијатрија на Универзитетот во Калифорнија, објаснил дека испитуваниот лимбички систем е цврсто поврзан со депресијата. Затоа, искуствата на менталното здравје на мајките се добри показатели за ќерките.
Ова беше прва студија што користела меѓугенерациски магнетни резонанци за споредување на мозочните структури.
Фото: Pixabay