Наскоро одобрение на нов лек за главните симптоми на аутизмот

Американската агенција за храна и лекови (Food and Drug Administration – FDA) ќе се обиде да ја забрза постапката за одобрување на лек кој би требало да ги реши основните симптоми на аутизмот.

0
616

Фармацевтската компанија Yamo Pharmaceuticals објавила дека од FDA добила ознака за забрзано развивање на лек под називот L1-79. Одлуката доаѓа откако резултатот на малото клиничко испитување утврдил дека лекот покажува значаен потенцијал, јавува Disability Scoop.

Прелиминарните податоци покажуваат дека во рок од неколку дена од почетокот на терапијата со лекот L1-79 дошло до намалување на раздразливоста, летаргијата, хиперактивноста и анксиозноста на некои пацинети како и подобрување на говорот, комуникацијата, социјализацијата и свеста за себе и за другите, што резултирало со подобрување на однесувањето и подобра контрола на пациентите, напоменуваат од фармацевтската компанија.

Моментално се одобрени два лека и тоа Risperidon и Aripripazol кои помагаат кај раздразливоста поврзана со аутизмот, но не е одобрен ниту еден лек кој би ги лекувал основните симптоми на пореметувањето.

Во план се дополнителни истражувања

Претходно оваа година FDA му одобрила сличен статус на друг лек, Balovaptan кој го развила фармацевтската компанија Роше. Balovaptan покажал потенцијал за подобрување на „темелната друштвена интеракција и комуникација“ кај лицата со аутизам.

Од Yamo Pharmaceuticals истакнале дека се планирани дополнителни клинички испитувања на L1-79 кои ќе вклучуваат деца, адолесценти и возрасни лица со аутизам.

Ова е важен и возбудлив чекор кон развивање на неопходното лекување на симптомите на пореметувањата од аутистичниот спектар, вели Џ. Томас Мегериан, главен доктор на Yamo Pharmaceuticals и повисок потпретседател на одделот за клинички развој.

Се радуваме што ќе соработуваме со FDA и со нашите советници додека додека го унапредиме L1-79 низ дополнителни клинички студии, порачува лекарот Мегериан.

[better-ads type='banner' banner='999' ]