Наскоро бебињата ќе се раѓаат без мајки

Биолозите долго време веруваа дека на фетусот му е потребна жива матка за да се развие. Изгледа дека тоа повеќе не е случај. Роден е првиот глушец од механичка матка

0
423

Глувчешките ембриони изгледале сосема нормално. Сите органи се развиле како што би требало, како и екстремитетите, нервниот и циркулаторниот систем. Малите срца чукале нормални 170 отчукувања во минута.

Само што овие ембриони не растеле во мајката. Тие се развиле во вештачка матка.

Експериментот спроведен на Институтот за наука Вајсман во Израел требало да им помогне на научниците да разберат како се развиваат цицачите и како генетските мутации, хранливите материи и околината можат да влијаат на фетусот. Успехот на експериментот, прв во историјата, сега го отворил прашањето дали истото може да се повтори и на други животни, па дури и на луѓето.

Александар Мејснер, директор за геномска регулатива на Институтот за молекуларна генетика Макс Планк во Берлин, рекол дека студијата објавена во престижното списание „Nature“ е „голема пресвртница“.

Научниците ги отстраниле ембрионите од утробата на глувците на петтиот ден од гестацијата и ги одгледувале уште шест дена во вештачки матки. Во тој момент ембрионите биле полуразвиени. Целосната гестација трае околу дваесет дена. Да е во прашање човек, во тој момент би го нарекувале фетус. До денес, водачот на тимот д-р Џејкоб Хана и неговите соработници одгледале повеќе од 1.000 ембриони на овој начин.

Досега, научниците успеале во лабораторија да ги оплодат јајце клетките на цицачите и да ги одгледуваат накратко. На ембрионите им била потребна жива матка. Сега тие успеале да одгледаат вистински, жив глушец во една механичка.

„Светиот грал на развојната биологија е да се разбере како една клетка, оплодена јајце клетка, може да ги создаде сите карактеристични типови на клетки во човечкото тело, и тоа 40 трилиони“, рекол Пол Тесар, биолог од Универзитетот Кејс Вестерн Резерв. „Од почетокот на времето, научниците се обидувале да најдат одговор на ова прашање.

Единствениот начин да се проучи развојот на ткивата и органите е научниците да се свртат кон црвите, жабите и мувите на кои не им е потребна матка или да извадат ембриони од матките на експериментални животни во одредено време за да видат како тие се развиваат.

Она што им требало бил „прозорец“ во матката за да можат да го следат и набљудуваат развојот на фетусот кај цицачите. Тоа значело правење вештачка матка.

Хана седум години развивал дводелен систем на инкубатори, нутриенти и вентилација. Глувчешките ембриони биле сместени во стаклени шишиња во инкубатори каде лебделе во специјална, хранлива течност. Шишињата биле ставени во специјално тркало кое полека се вртело за да не се залепат ембрионите за ѕидовите и со тоа да се деформираат и да умрат.

Инкубаторите биле поврзани со машина за вентилација која обезбедувала кислород и јаглерод диоксид за ембрионите, контролирајќи ја концентрацијата, притисокот и протокот.

На единаесеттиот ден од експериментот – што е повеќе од половина од бременоста на глувците – Хана и неговите колеги испитувале ембриони со големина на семки од јаболко и ги споредувале со ембрионите во живите матки. Биле идентични.

Дотогаш, ембрионите растени во лабораторија веќе би биле преголеми за да преживеат без постојан проток на крв. Тие би имале плацента и жолчка, но не и доволно нутриенти.

Надминувањето на оваа пречка беше следната цел, изјавил Хана за Њујорк Тајмс и објаснил дека користел збогатен хранлив раствор или вештачка крв кој бил поврзан со плацентата на ембрионот.

Ембрионите преживеале и им дале на научниците вистински „златен рудник“ од информации затоа што сега можат да проучат како се случуваат абортуси или зошто понекогаш оплодената јајце клетка не може да се всади. Исто така, постои увид во генетските мутации и дефекти кои влијаат на развојот на фетусот.

Сега експертите се надеваат дека овој експеримент може да се прошири надвор од популацијата на глувци. Во два труда објавени во списанието Nature се наведува дека тие веќе работат на развој на човечки ембриони во вештачко матка. Научниците предупредуваат дека создавањето човечки ембриони на овој начин е сè уште со години оддалечено, ако воопшто биде дозволено, пренесува Нова.рс.

Фото: Pexels/Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]