Насилството никогаш не треба да се занемарува

Насилниците кои нема да бидат запрени на почетокот, само стануваат сѐ постари и сѐ поопасни насилници.

0
303

Дали вашето дете е насилник или пак е жртва на насилство?

Многу е важно да знаете нешто за насилниците. Тие се несигурни. Сметаат дека ќе се чувствуваат подобро со тоа што ги понижуваат другите (физички или емоционално). Се чувствуват помоќно.

Порано насилници беа оние лоши момчиња што ве следат од училиште до дома со велосипеди и ве претепуваат во некоја споредна уличка. Кога ќе стасавте дома, татко ви ќе ве погледнеше и ќе ви кажеше следниот пат да не отстапувате, ќе ви дадеше совет каде да ги удрите. Кога ќе се вратевте дома неколку дена подоцна со модрица на окото, но и со насмевка од уво до уво, ќе ви честиташе затоа што ќе знаеше дека сте се соочиле со насилникот очи во очи.

Но денешните насилници се поинакви. Поагресивни и, за жал, многу имаат родители кои се физички отсутни, емоционално оддалечени или едноставно не им е грижа. Не можете повеќе да сметате дека грижливите татко или мајка ќе воведат дисциплина во животот на насилникот кој му го загорчува животот на вашето дете.

Насилниците кои нема да бидат запрени на почетокот, само стануваат сѐ постари и сѐ поопасни насилници. А денешните насилници веќе носат ножеви и пиштоли, во зависност од околината и возраста.

Ако му се случи насилство на вашето дете, веднаш обратете се кај наставникот на кој му верувате. Ако тој наставник не преземе ништо, обратете се кај директорот. Со насилството нема шега. Тоа е планина со која морате веднаш да се фатите во костец, без оглед на тоа од која страна се наоѓате.

Ако вашето дете ги напаѓа другите деца, веднаш запрете го тоа. Спротивставете му се кога сте сами и кажете му: „Дали си навистина толку несигурен што мораш да ги малтретираш другите деца? Ова ќе биде погодок право во центар затоа што ниту едно дете не сака да признае дека е несигурно. Ниту дека одбрал да малтретира помал и послаб од себе само за да се чувствува подобро. Прашајте го детето зошто го направило тоа. Објаснете му како се чувствувало другото дете заради тоа што се случило, како се чувствувате вие поради тоа и какво однесување очекувате од тој момент па натаму. Барајте од него да му се извини што е можно поскоро на детето на кое му се огрешило. Лекцијата ќе биде уште поуверлива ако бидете присутни додека го прави тоа. За да ги обнови емоциите насилникот мора да каже: „Жал ми е што те повредив. Нема да се повтори“.

Ова е важен дел. Ако на вашето дете му е искрено жал, мора да му дозволите да тргне понатаму. Со други зборови, не го потсетувајте постојано на тоа. Како родители сме склони да се навраќаме и да им клукаме на децата во глава заради нешто што го сториле. Сакаме постојано да ги потсетуваме на нивните неуспеси.

Колку и да е непријатно да се биде родител на насилник, имајте на ум дека како родител и ќе се соочите со многу кризи. Ваша работа е да ги решите најдобро што можете, а потоа да продолжите понатаму. Воспитувањето на децата е долготрајна работа. Тие ќе грешат, вие ќе грешите. Се сеќавате на правилата на демократското општество?

„Ако ти имаш право да ме омаловажуваш мене, имал и јас право да те омаловажувам тебе“.

Овој круг тешко се прекинува, ако постојано зборувате за лошите постапки на вашето дете. Со тоа што ќе разговарате за насилничкото однесување и ќе барате моментално емоционално опоравување, вие и вашето дете ќе можете да продолжите со животот.

Ако вашето дете претрпело насилство, веднаш пријавете го тоа кај наставникот. Ако тој ви каѓе: „Ви благодарам што ме известивте, ќе се позанимавам со ова. Пренесете му на детето да ми се обрати веднаш ако повторно се почувствува загрозено“, тогаш тој не ве разбрал и не го смета насилството за сериозно. Следниот чекот е одење кај директорот. Насилството не може да не се зема сериозно, ниту пак можете да примените пристап од типот „да почекаме па ќе видиме“. Насилниците претепуваат премногу деца, но иако физичките рани лесно ќе им зацелат, емоциите можеби нема. Насилниците не се запираат толку лесно, затоа мора да бидете внимателни. Мора да преземете мерки за заштита за да го запрете насилничкото однесување. Дежурните на игралиштето, наставникот, директорот и двете двојки родители мораат да бидат свесни за однесувањето, како и за тоа дека ова мора да престане.

Накусо, насилниците и насилништвото не треба да се сфаќаат несериозно.

[better-ads type='banner' banner='999' ]