Направете му на вашето бебе едноставна и здрава кашичка со гриз

Гризот е богат со витамини кои се многу важни за правилен раст и развој на детето

0
306

Гризот е составен дел од исхраната на бебето. Кога ќе започнете постепено да внесувате цврста храна во исхраната на вашето бебе, можете во неа да вклучите и гриз. Освен што е многу вкусен, гризот е и многу хранлив.

Тој е богат со витамини кои се многу важни за правилен раст и развој на детето и со него можете да направите различни закуски за вашето бебе.

Гризот со млеко е омилен десерт и на малите и на возрасните и се подготвува многу брзо и лесно. Вака подготвен, гризот е хранливо јадење, богато со важни материи и со многу здравствени придобивки. Ако јадеме гриз, земаме многу комплексни јаглени хидрати, растителни влакна, железо и витамин Б комплекс.

Потребни состојки:

100 г гриз
1 л млеко
1 лажица путер
шеќер или мед по вкус (се разбира, поздрава варијанта е медот па ако правите со мед, додадете го на крајот)
Малку кора од лимон
Цимет
прстофат сол

Приготвување:

Подгответе соодветен сад во кој ќе го истурите млекото, а потоа додадете сол на врвот на нож и рендана кора од еден лимон (многу малку). Потоа ставете го на шпоретот да зоврие. Додадете го гризот и гответе на тивок оган, мешајќи постојано, сè додека не се згусне. Потоа додадете 1 до 2 лажици путер и добро измешајте. Кога гризот ќе се свари, истурете го во чинии, додадете мед и поросете со цимет.

Фото: Pexels

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]