Наместо да им читате бајки пред спиење, поставете им 3 прашања и разговарајте

Здравата комуникација е клучот за добро здравје и им овозможува на родителите да воспостават подобар и поквалитетен однос со своите деца. Затоа, ве советуваме секоја вечер пред спиење да ги прашувате вашите деца: Што те направи среќен, тажен или лут денес? И што научи денес?

0
329

Секоја вечер пред спиење, што прават повеќето родители? Им читаат бајки на децата. Но, тоа не е најдоброто нешто што можете да го направите за своите деца. Постојат работи кои се многу поважни за развојот и растот, но исто така и за мирниот сон на децата, а тоа се прашањата што можете да им ги поставите.

Здравата комуникација е клучот за добро здравје и им овозможува на родителите да воспостават подобар и поквалитетен однос со своите деца. Затоа, ве советуваме секоја вечер пред спиење да им ги поставувате на своите деца следниве прашања:

Што те насмеа денеска?

Што те расплака?

Што научи денес?

Со овие три прашања, вашите деца ќе се отворат и ќе почнат да зборуваат за важни работи. Заедно ќе се смеете, ќе плачете и ќе се сеќавате на моментите што го одбележале денот, но исто така и подоцна, неделата и годината. Децата ќе бидат горди на сè што научиле во текот на денот, а вие ќе бидете среќни што ќе бидете вклучени во нивниот развој и раст. И покрај фактот што се чини едноставно, ова е многу сложено и отвора многу нови теми што можете да ги користите за да разговарате со децата.

Првенствено, успевате, заедно со децата, да научите како правилно да комуницирате. Децата активно ќе учествуваат, ќе се чувствуваат добро и безбедно, но исто така ќе бидат поканети да разговараат за своите проблеми. Ова директно ќе влијае и на нивно опуштање, подоцна во животот, за потешки теми. Тоа ќе ја охрабри нивната креативност и ќе им одржи важна животна лекција која гласи: „Никој не е совршен и грешките се составен дел од животот“. Откако ќе разговараат со вас, децата ќе се чувствуваат ослободени од притисок и емоции, без разлика дали се позитивни или негативни, а тоа има многу позитивно влијание врз нив.

Тоа им овозможува да вежбаат изразување, да ги вербализираат емоциите и активно да учествуваат во разговор. Покрај тоа, оваа игра не мора да биде еднонасочна, туку по нивните одговори, и вие можете да кажете што ве насмеало, што ве расплакало и што сте научиле денес. Можете исто така да водите белешки секоја вечер за да ги споредувате вашите успеси од претходниот ден, недела или месец. Нека биде тоа вашата семејна игра што ја играте секоја вечер и која има долготраен ефект врз развојот на односите во семејството.

Едноставно е, нели? Само три прашања. Што те направи среќен, тажен или лут денес? И што научи? Ние веруваме дека одговорите ќе бидат креативни и забавни. Секој од нив на свој начин.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]