Наместо во училиште, овие родители ги носат децата на пикници

Деветгодишната Рамона и седумгодишниот Џуно, наместо на училиште, одат со своите родители на излети, на сурфање и на кајакарење. Родителите Луси и Тим Ајткенрид не веруваат во традиционалното предавање во училници, па затоа ги едуцираат сами. Што мислите вие за ова?

0
186

Луси и Тим Ајткенрид се родители на деветгодишната Рамона и седумгодишниот Џуно, и тие, наместо на училиште,своите деца ги носат на излети, на сурфање и на кајакарење. Тие двајца едноставно не веруваат во традиционалното предавање во училници, па затоа ги едуцираат самите.

Живееле во Лондон, но им здодеал животот во градот па почнале да патуваат. Во 2013. година, тие ја посетиле Германија и биле воодушевени од методот на учење со кој се запознале во една детска градинка. Таму децата можат сами да одлучат што сакаат да учат. Потоа се преселиле во Нов Зеланд и сега самите го практикуваат овој метод.

„Имаме бавни утра и не стануваме пред да се напиеме неколку шолји чај. Потоа одиме на сурфање или на пешачење, понекогаш во музеи или во уметнички галерии“, вели Луси, која заработува за живеење како блогерка за животен стил.

Таа смета дека децата имаат поголема веројатност да успеат во животот ако имаат време да се занимаваат со она што ги интересира и да учат за тоа.

„Тие немаат иста слобода во училиште. Таму мораат да учат работи што воопшто не ги интересираат и тоа може да биде парализирачки. Мојата постара ќерка веќе ја има напишано својата прва книга и ја сака математиката. Таа прави пресметки на ѕидот на бањата“, додава мајката.

Нејзиниот сопруг Тим работел како учител во едно лондонско училиште и е среќен што ја заменил таблата со учење во природа, опкружен со кокошки и крави.

Луси сега ги учи другите родители како да ги едуцираат своите деца со оглед на тоа што карантинот ги затвори речиси сите училишта.

„Многумина ми кажуваат дека забележале дека нивните деца се подложени на помалку стрес“, истакнува Луси, но признава дека многумина ја обвинуваат дека ги запоставила децата.

„На социјалните мрежи, тие ми кажуваат дека децата ќе ме мразат кога ќе пораснат. Не мислам дека моите ќерки во иднина ќе имаат помалку шанси заради овој принцип на школување“, забележува тој.

Постои само едно правило во семејството Ајткенрид, а тоа е дека за насилство има нулта толеранција.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]