Кога неодамна на мрежата Инстаграм се појавија фотографиите на осумгодишната Украинка Милана Маханец и нејзиното 13-годишно момче и сонародник Паша Паи, на кои тие се во интимни пози, се крена медиумска прашина низ целиот свет.
Двете деца се блогери, а профилот на Милана на Инстаграм го води нејзината мајка Дарја. Сликите беа избришани откако ја разбрануваа јавноста, но не и последиците од ваквото однесување.
Слични работи се случуваат секојдневно пред нашите очи, бидејќи на секој чекор можеме да видиме основци кои се фотографираат во пози наменети за многу постари од нив, облечени неадекватно за својата возраст.
Семејството мора да ги ублажи ефектите од социјалните мрежи
„Сексуалниот нагон индивидуално се појавува и се развива, а е условен од биолошкиот нагон и воспитувањето и социјално-културолошките фактори. Воопшто, според Фројдовата теорија, по поминувањето низ одредени фази во развојот, сексуалноста на децата до 12 година е во период на латенција“, вели Мина Богдановиќ, дефектолог од Србија.
Родителот поставува граници на лажното и совршеното
Богдановиќ вели дека најважна референтна рамка е семејството. Тоа би требало да биде фактор кој ги ублажува ефектите од социјалните мрежи.
„Улогата на родителите е клучна во развојот и воспитувањето на децата, а нивниот однос во голема мера влијае врз тоа како ќе биде изградено детето како личност. Посветеноста на родителот и квалитетно поминатото време, блискоста и емпатијата, овозможуваат здраво растење. Родителот би требало да го насочи детето на вистинските вредности и јасно да ги постави границите помеѓу лажното совршено, имагинарното и реалниот живот“, истакнува Богдановиќ.
Култ кон телото и лицето
Култот на совршени лица и тела, искривената реалност во која сè се презентира гламурозно на социјалните мрежи, ги фасцинира младите и ги насочува кон формирањето на ставот „ако убаво изгледаш – ќе бидеш прифатен“. Несигурноста на времето и економските услови во кои живееме ги олеснуваат продорот и прифатеноста на медиумските содржини што пропагираат престиж.
Изложеноста на децата на масовните медиуми како и достапноста до несоодветни содржини уште од мали нозе ги насочува кон „инстант созревање“. Социјалното учење, како и учењето по модел, е еден од важните моменти во детскиот развој. Изборот на примери е многу значаен, со оглед на тоа што децата имитираат и се идентификуваат со своите „идоли“.
Важно им е само убав си – не си убав, немаат емпатија
„Прифаќањето на одредено однесување кое не потекнало од дома, како и влијанието на средината, може евентуално да дојде до нивен поинаков став кон животот и развивање емпатија. Дури се случува и да немаат емпатија, туку да одат само кон површност во односите. Дружењето е визуелно, инстант: убав си – не си убав“, истакнува дефектологот.
Таа вели дека децата стануваат свесни за себе пред крајот на основното образование. Ретко кој знае каде да се запише понатаму, се потпираат на родителите и пријателите. Хормонски се менуваат од година во година, им се појавуваат мозолчиња, поголем нос, долги раце, кратки нозе, па обратно.
„Потоа, и тоа како се кријат зад фотографии и фотомонтажи на мобилните телефони, ’поминуваат низ филтер‘. Сè се случува само затоа што тоа е поставено како модерно. Погледнете кои се нивни родители. Ако детето има мајка која, на пример, постојано се фотографира со т.н. усни на патка, тоа ќе го преземе тој модел. Децата не се во двор, не сакаат да шетаат низ маало, туку по трговските центри, одат на крофни, палачинки, во кафулиња и тоа веднаш се става на инста стори. Колку повеќе лајкови добиваат, толку се поголеми шизици“, вели Богдановиќ.
Како да спречи манипулацијата на социјалните мрежи?
„Најпрво треба да постави граница родителот, да забрани или да дозволи. А тука е и училиштето во кое детето поминува многу време. Ова што се случуваше врзано со корона вирусот е можност да се уништат децата. Децата се генерално, оставени сами на себе“, заклучува дефектологот.
Фото: Freepik