Порталот наменет за родители Мајка и дете во соработка со Литература.мк“(http://literatura.mk) ви предлага листа со пет книги за деца за ова лето.
Станува збор за поучни и забавни приказни, не само за децата, туку и за родителите. Книги во кои ќе ужива целото семејство.
Секоја недела доделуваме по една книга за деца. Сѐ е што треба да направите е да ја следите „Фејсбук“ страницата на „Мајка и дете“ (https://www.facebook.com/Majka-i-dete-298560416859647/ и да одговорите точно на наградното прашање поврзано со книгата на неделата. Тој што прв ќе одговори ќе биде награден со книга, која ќе може да ја подигне во книжарницата на „Литература.мк“ на улица Македонија, во Скопје.
Оваа недела ја промовираме книгата „Аги и Ема“ од Игор Коларов.
Романот „Аги и Ема“ на Игор Коларов е најдобриот современ српски роман за деца. Ова е нежна приказна за пријателството помеѓу осаменото деветгодишно момче Аги и необичната старица Ема, и нивниот заеднички бунт против суровиот и отуѓен свет. Романот „Аги и Ема“ е добитник на наградата на „Политикин забавник“ за најдобра детска книга.
Наградното прашање за оваа недела е:
Што е Ема, новата пријателка на деветгодишниот Аги : 1. девојче 2. бабичка, 3. мачка?