Наградна игра на Мајка и дете и Блесок, одговорете точно и добијте книга!

Оваа недела ја промовираме книгата „Летото кога научив да летам“ од авторката Јасминка Петровиќ.

0
351

Порталот Мајка и дете во соработка со Културната установа „Блесок“ (blesok-shop.mk) ви предлага листа со три книги за деца за ова лето. Станува збор за поучни и забавни приказни, не само за децата, туку и за родителите. Книги во кои ќе ужива целото семејство!

Секоја недела доделуваме по една книга за деца. Сѐ што треба да направите е да ја следите „Фејсбук“ страницата на „Мајка и дете“ (https://www.facebook.com/Majka-i-dete-298560416859647/ и да одговорите точно на наградното прашање поврзано со книгата на неделата. Тој што прв ќе одговори ќе биде награден со книга.

„Летото кога научив да летам“ од Јасминка Петровиќ (превод од српски Калина Буневска Исаковска) е роман за млади.

Ако ја прочитате оваа книга, ќе научите да летате или барем малку да се подигнете од земјата…Заминувањето на море со бабата во посета на друга баба, секако не звучи како летување од соништата за една тинејџерка. А кога тоа се случува на Хвар, каде не познаваш никого и не ги разбираш зборовите и обичаите, па ни зошто твојата баба плаче при средбата со сестра си, летувањето почнува да личи на кошмар.

Главниот лик Софија се повлекува во книгите, музиката и сонувањето во надеж дека така побргу ќе и пројде времето.

Но, летото е полно со изненадувања, и Софија полека открива дека и во малото место има човечки приказни достојни за роман, а понекогаш со баба ти или со роднините кои едвај ги познаваш, можеш подобро да се изнаприкажеш отколку со најдобрата другарка од одделението. Најпосле, може да се случи и дека оттаму, од каде што си сакал да одлеташ, да посакаш повторно да се вратиш.

Наградното прашање за оваа книга е:

Каде отиде на летување Софија : 1. Охрид, 2. Хвар, 3. Будва

 

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]