На една забава, мајката Стефани Укер откако едно дете ја предупредило дека друго дете се дави во базенот, скокнала и го извлекла четириггодишното момченце.
Потоа почнала со масажа на срцето и со вештачко дишење во ритамот на хит-песната Baby Shark.
„Се сеќавам дека почнав гласно да ја пеам Baby Shark и дека си помислив дека мајката на тоа момче ќе мисли дека сум луда“, раскажала таа за Wesh.
Благодарение на нејзината брза реакција момчето целосно се опоравило, а не е прво на кое споменатата песна му спасила живот.
Црвениот крст советува при реанимација градите да се притиснат сто пати во минута, а ритамот на Baby Shark има исто толку тактови во минута. На Јутјуб постои видео кое го објаснува целиот процес на реанимација токму во тритамот на песната и на начин на кој можат да го разберат и најмладите.
Уште некои такви песни кои можат да спасат живот се Staying Alive од Би Џиз и Dancing Queen на групата Аба.
Фото: Pixabey