Еден ден, кога одеше во прво одделение, го преплака целиот пат од училиште до дома кога го слушна тоа. Се обидов да не се вознемирувам и се потсетив дека децата не се сурови намерно. Тие едноставно не знаат подобро.
Да се праша некој што е посвоен за неговите „вистински“ родители или да му се каже дека родителите кои ги имаат не се „вистински“ можеби е едноставен начин да се објасни посвојувањето, но во никој случај не е точно. Родителите посвојувачи се вистинските родители на тие деца, како и да гледате на тоа. Ние ги бакнуваме за да им биде подобро кога ќе се повредат, навиваме за нив на натпреварите, договараме посети на доктор, им ги менуваме пелените, ги чистиме кога ќе повратат и да, ги опсипуваме со повеќе прегратки и бакнежи отколку што сакаат. Ова се сите оние работи што ги прават „вистинските“ родители, а тие деца се 100% наши. Мојот син е 100% мој.
Во повеќето ситуации, посвоените деца слушаат такви коментари од другите деца. Мојот син ги слушна од соседите, од децата на училиште, па дури и од своите роднини. И како што децата обично го повторуваат она што го слушаат или им се кажува, секој родител треба да ги научи своите малечки дека само затоа што детето не потекнува од стомакот на нивната мајка, не значи дека е тоа помалку нејзино дете. Постојат различни начини на кои се формираат семејствата, а ниту еден не вреди повеќе од некое друго.
Многу посвоени деца се веќе несигурни во својот статус во својот дом. Некои, како мојот син, се посвоени од системите на хранителски семејства па се дополнително чувствителни на семејната динамика. Мојот син секогаш мислеше дека ќе го оставам или ќе го вратам, па му беше особено тешко да чуе дека не сум негова „вистинска“ мајка. Сега кога има 14 години, може да го отпише ова како мала непријатност, но и натаму се надевам дека тоа никогаш повеќе нема да мора да го чуе тоа.
Посвојувањето едноставно значи дека детето има повеќе од еден сет на родители и СИТЕ тие родители се вистински. Јас не го родив син ми, но јас сум неговата мајка. Јас сум вистинската.
Фото: Pexels