Мојата ќерка има Даунов синдром, но не би ја менувала за ништо на светот

Веднаш штом ја здогледав знаев дека е поинаква. Ме одведоа во собата да се одморам, а потоа дојдоа докторот и мојот сопруг и со сериозен израз на лицето ми соопштија дека бебето можеби има Даунов синдром. Додека го пишувам ова и се потсетувам на тој момент и натаму чувствувам како вилицата ми се здрвува и пвторно се воздржувам да не заплачам.

0
1959

Во 19. година од бракот добивме благослов во вид на двојно изненадување кое го однесе нашето семејство на еден чудесен животен пат.

Откако се венчавме, се боревме со неплодноста и минувавме низ разни дијагностички зафати, лабораторски наоди од крв, земање лекови и примање инекции за да забременам. После 8 години брак добивме близнаци.

Мојот сопруг има шест сестри и е единствено преживеано момче во семејството. Кога бил во основно мајка му родила еднојајчени близнаци, но набрзо починале поради вродена срцева маана. После оваа трагична загуба, нашите момченца претставуваа посебен благослов за мојот сопруг и неговите родители.

Единаесет години потоа докторот ми препорача да ја извадам матката, но не стасав ниту да ја закажам операцијата затоа што истиот месец дознав дека сум бремена.

Не го планиравме тоа, но бидејќи со години се боревме со стерилитет, бевме пресреќни.

Кога им го кажавме тоа на момчињата без подеднакво затечени од веста. Не се израдуваа премногу бидејќи беа задоволни со дотогашниот живот и со нашето четиричлено семејство.

Со оглед на моите поодминати години, правев ехо на речиси секоја посета кај гинекологот. Не сакав да правам никакви дополнителни или инванзивни тестови затоа што не го правев тоа ниту во текот на првата бременост. Бебето беше во карлична положба па ми закажаа царски рез неколку недели пред мојот 43.роденден.

На седми август 2013.година, ден пред терминот, стаса нашето бебе. Веднаш штом ја видов знаев дека е поинаква. Ме одведоа во собата да се одморам, а потоа дојдоа докторот и мојот сопруг и со сериозен израз на лицето ми соопштија дека бебето можеби има Даунов синдром. Додека го пишувам ова и се потсетувам на тој момент и натаму чувствувам како вилицата ми се здрвува и пвторно се воздржувам да не заплачам. Срцето ми беше скршено.

„Тоа беше моето девојче и јас веќе го засакав со сето свое срце. Не сакав да ја добие некој друг, но ми беше тешко да ја прифатам оваа неправда – тоа што бебето имаше Даунов синдром тогаш  го доживеав како неправда. Нашето искуство во болницата беше многу тажно.

Сите беа намуртени и суморни и воопшто не се трудеа да не просветлат или барем малку да не поддржат во новонастанатата ситуација.

Дознавме дека покрај Дауновиот синдром, нашата ќерка има и некои вродени срцеви маани. Секоја дијагноза ни ја соопштуваа такашто дежурната сестра ќе ни тутнеше во рака хартивче со некои скратеници начкртани набрзина. Најголемо изненадување беше што ништо од тоа не се виде на ултразвук. Меѓутоа, за мене најголем благослов беше што безгрижно ја изнесов оваа бременост и што не го оптоварив бебето со стрес.

Кога излеговме од болница закажавме преглед кај еден исклучителен генетичар кој искрено ни зборуваше за прекрасните работи со кои се среќавал за време на своето повеќегодишно искуство со лицата со Даунов синдром. Тој беше нашата светлина и нашата надеж во темнината и беше во право!

Можам да ви прераскажам толку многу нешта за нашето неверојатно искуство во изминатите четири години, но за тоа би била потребна книга! Наместо тоа, ќе издвојам само неколку работи.

Не се плашете од Дауновиот синдром. Тие деца се бистри, способни и неверојатни. Во срцето ќе почувствувате љубов и радост како никогаш дотогаш. Нашата ќерка сака книги, исто како и нејзините браќа. Сака да си игра со лего-коцки, исто како и нејзините браќа. Ја одгледуваме исто како што тоа го правевме и со нив. Не го спуштаме прагот на очекувањата, а таа сѐ постигнува. Можеби ѝ е само потребно малку повеќе време, но таа успева во тоа.

Ако веќе имате деца, и тие ќе ја почувствуваат истата радост. Навистина е неверојатно кога гледаме дека браќата ја сакаат исто како што и ние ги сакаме сите нив. Ги слушаме кога ѝ велат да ги прегрне и кога ѝ велат: „Те сакам Ава“! Нашето потесно и пошироко семејство, нашите пријатели и соседи, сите ја сакаат бидејќи таа шири радост каде и да оди. Никој од нас не може да си го замисли животот без неа.

Дали децата со Даунов синдром се соочуваат со дополнителни здравствени проблеми? Да. Како што ви реков, Ава е родена со вродена срцева маана. Пред една година имаше операција на отворено срце и одлично се опорави.

Ако посакувате совршено дете, знајте дека тоа не постои. Сите сме на некој начин несовршени. Сите се соочуваме со предизвици, но сите имаме и исклучителни таленти и дарби, нашиот живот има цели.

Не дозволувајте стравот да ви ги диктира одлуките. Она што е непознато секогаш делува застрашувачки, но потребно е да верувате, да го отворите срцето за чудесните можности кои ви ги нуди животот. Тоа е толку скапоцен подарок кој многумина го земаат премногу лесно.

Сакав да ја споделам со вас нашата приказна за да ви дадам надеж и се надевам дека ви помогнав да го смените мислењето и да го отворите срцето, вели Кери Сирс Колс.

[better-ads type='banner' banner='999' ]