Момче со аутизам исфрлено од училиште

Беше 2.септември 2016.година. Ми рекоа да не доаѓам повеќе...Само ми рекоа да не доаѓам... - со тага вели Славко, момче со благ облик на аутизам кое поради својата дијагноза е исфрлено од средното училиште во Рудо, БИХ.

0
1687

„Направена ми е голема неправда затоа што ми е забрането да посетувам настава и да бидам на часови“, вели Славко Мршевиќ за Дојче Веле.

На Славко му е поставена дијагноза Аспергеров синдром, односно поблаг облик на аутизам. Иако редовно завршил основно училиште и запишал средно во родното Рудо, со одлука на директорот на училиштето, забрането му е да ја посетува наставата.

„Имавме проблеми и додека одеше во училиште. Училиштето четири пати не испраќаше на проценки кај лекарска комисија, која на сите тие лекарски наоди даде мислење дека тој има капацитети да продолжи со школувањето во средношколскиот центар во Рудо, со тоа што наставните методи и наставниот план и програма мора да му се прилагодат нему“, објаснува неговиот татко Ненад Мршевиќ.

Меѓутоа, како што вели за Дојче Веле, училиштето никогаш не сакаше да ги прифати тие наоди и препораки на лекарската комисија. Во првото полугодие од првиот клас во средно училиште, вели Ненад, Славко беше третиран како и останатите ученици и беше оценуван како и сите други. Но на почетокот од второто полугодие осум од 10 наставници престанаа да го испитуваат и да го оценуваат, па така не можеше да добие ниту заклучни оценки на крајот од годината.

 

„Кулминацијата беше на крајот од првата година, кога Славко останал неоценет, со самото тоа не можеше да запише втора година. Училиштето без никакво образложение и пишан акт, усмено го известиле Славко повеќе да не доаѓа на настава и дека тој повеќе не е ученик во тоа училиште“, вели Ненад и додава дека случајот е во надлежниот суд во Вишеград, па ќе видиме што ќе се случи“.

 

Писмено решение за исклучување од училиште, ниту какоб било напис за тоа, семејството никогаш не добило. Сѐ останало на усменото образложение од училиштето која својата одлука ја правдала со тоа дека „децата со таа дијагноза не смеат да го посетуваат тоа средно училиште“.

„Ни велеа дека со Славко е тешко да се оствари комуникација, дека тие немаат капацитет да работат со такви деца и нивна препорака би била да го одведеме во специјалното училиште во Бања Лука“, објаснува Ненад.

 

Другарите од класот на Славко, но и од другите класови во училиштето организирале потпишување на петиција барајќи нивниот другар да се врати во клупа, но ниту тоа не вродило со успех.

„Зарем било кое дете би потпишало петиција да се врати некој насилник во нивните редови“?, прашува Ненад додавајќи дека Славко никогаш не покажувал знаци за агресија, ниту некогаш некого повредил. Единствен „проблем“, објаснува Славко, е тоа што Славко понекогаш има потреба да стане на час, да пооди и да се врати во клупата.

 

Училиштето му недостасува толку многу што имал обичај да оди во училиштето и да ги поминува одморите со своите другари. Сепак, неправдата си го прави своето, вели неговиот татко, па Славко малку повеќе се повлекол во себе и сѐ поретко оди на голем одмор да се види со поранешните соученици.

 

Пријателите сепак не се откажале од него па го канат на родендени, на забави, за излегување во петок и во сабота.

Тие не се сигурни како ќе заврши сето ова и дали Славко ќе добие можност да го продолжи школувањето.

Помеѓу другото, Славко многу добро стои со броевите и, како што вели неговиот татко, ги памти сите датуми, родендени, годишници

Дојче Веле

[better-ads type='banner' banner='999' ]