Момчето кое си најде девојка во карантин, најде начин и за нивната прва средба

Џереми Коен од Бруклин, Њујорк и во време на карантин успеал да си најде девојка која ја запознал со помош на дрон, а нашол начин и да се види со неа. Погледнете како

0
693

Коронавирусот влијае на нашето секојдневје. Над три милијарди луѓе се ставени во карантин. Но, еден човек сепак успеал и во вакви услови да си пронајде девојка која му се допаѓа, и тоа со помош на дрон.

Џереми забележал девојка како танцува на покривот на зградата која се наоѓа веднаш до неговата. Кога го виделе како ѝ мафта и таа му возвратила. Потоа, тој решил да го искористи дронот и да ѝ испрати телефонски број. Така започнала оваа чудна, романтична приказна што Џереми ја објавил на својот Твитер.

Очигледно и на девојката ѝ се допаднала оваа идеја затоа што му го испратила телефонскиот број.

Подоцна додал дека нејзиното име е Тори и дека заедно вечерале, се разбира, секој на својот балкон.

Бидејќи не се знае колку долго ќе трае оваа состојба, а тие живеат во згради кои се една до друга, Џереми смислил начин како да се сретнат лице во лице, а сепак да не ги прекршат правилата. Погледнете како.

Фото: Твитер

[better-ads type='banner' banner='999' ]