Момчето кое сакаше да се самоубие заради булинг излезе на терен со австралиските рагбисти

Мајката на момчето, која е активистка за права на Абориџините, минатата година изјавила за  „Курир меил“ дека Кваден првпат се обидел да се самоубие кога имал само шест години и го пробувал тоа постојано.

0
1634

Деветгодишното малтретирано момче чија мајка објави вознемирувачко видео во кое тоа плачеше и велеше дека сака да се самоубие затоа што група врсници го малтретирале на училиште, конечно го имал најдобриот ден во животот.

Тој, заедно со рагбистите на австралискиот тим, излезе на теренот, со што му е дадена безусловна поддршка од Австралијанците, но и од целиот свет.

Во видеото, по малтретирањето од страна на врсниците заради неговата болест, ова 9-годишно момче рече: „Сакам да умрам … Дај ми нож … ќе се убијам“.

Деветгодишното момче Кваден е покането да го прошета стадионот заедно со рагби екипата на Австралија на еден пријателски натпревар.

Толпата на стадионот воодушевено извикувала кога Кваден излегол на теренот држејќи ја раката на капитенот Џоел Томпсон.

На ова му претходеше видеото кое го растажи светот.

Очајната мајка од Бризбејн (Австралија) објави на Интернет видео од нејзиниот деветгодишен син, во кое тој ја моли да му даде јаже за да се самоубие затоа што на училиште го исмејувале поради неговиот џуџест раст.

Јарака Бејлиз го снимила нејзиниот син Кваден како плаче во автомобилот откако го зела од училиште.

Расплаканото момче кое боледува од аходроплазија, најчестата форма на џуџест раст, ѝ вели на својата мајка:

– Дај ми јаже, сакам да се убијам – и потоа:

– Само сакам да се прободам во срцето … Сакам некој да ме убие.

Уште откако го постави видеото на Интернет, Јарака Бејлиз добивала пораки за поддршка од пријатели, но и од непознати луѓе.

Мајката на момчето објаснила зошто ја споделила снимката, иако обично не споделува вознемирувачки моменти од нивниот приватен живот.

„Се обидуваме да бидеме колку што е можно посилни и позитивни и да ги споделиме нашите убави моменти, но ова покажува како мобингот влијае на деветгодишното момче“, вели таа во видеото.

– Ве молам, покажете им го на своите деца, семејството и пријателите, затоа што е доволен само уште еден инцидент … И, потоа се чудите кога децата се самоубиваат.

Мајката не навлегуваше во детали, но изјави дека другите деца му велеле на момчето дека е „кепец“.

Бејлиз, која е активистка за права на Абориџините, минатата година изјавила за  „Курир меил“ дека Кваден првпат се обидел да се самоубие кога имал само шест години и го пробувал тоа постојано.

– Му објаснив дека нема враќање назад, кога ќе го сториш тоа, дека ќе те нема засекогаш, но тој постојано се обидуваше.

Кваден неодамна го загубил својот дедо и помладиот полубрат, кој е мртвороденче.

„Мислеше дека ќе биде со неговиот дедо и малиот брат ако отиде во рајот“, објаснила неговата мајка.

Што е аходроплазија?

Аходроплазија е нарушување на растот на коските што спречува промени во ‘рскавицата, особено во долгите коски на рацете и нозете.

Карактеристиките се ограничено движење на лактот, голема глава, мали прсти и нормална интелигенција.

Може да предизвика здравствени компликации како што се застој во дишењето (апнеа), дебелина, чести инфекции на ушите и изразена внатрешна кривина во лумбалниот дел од ‘рбетот.

Момчето било поддржано од многумина, меѓу кои и актерот Хју Џекмен и кошаркарот во НБА, Енес Кантер. Тие снимиле видео порака упатена на Квајден.

„Ти си посилен од мене“, вели Џекмен во пораката, повикувајќи ги другите да бидат „пристојни“.

Фотографијата е од Foxsports.com.au

[better-ads type='banner' banner='999' ]