Можете ли да замислите просторија со 20 бебиња исполнета со тишина?

Децата плачат за да им „кажат“ на возрасните дека имаат некоја потреба. Меѓутоа, ако детето плаче и плаче одново и одново и неговите потреби не се задоволени, ако никој не дојде, наскоро сфаќа дека плачењето е бесмислено. Во просторијата за 20 бебиња во сиропиталиштето кадешто живееше нашиот син пред да го посвоиме, владееше целосна тишина.

0
214

Звукот на бебешкото плачење е еден од најнепријатните звуци за човечкиот мозок.

Војската често го користела токму плачот на бебињата како мерка за тортура врз луѓе.

Кога луѓето ќе го слушнат бебешкиот плач, нивниот прв одговор е обидот да го запрат. Шишенце, доење, лулање, пеење. Сето она што го зголемува овој звук изгледа како правење дупка во нашата глава. Бебешкиот плач е навистина непријатен звук.

И јас некогаш мислев така.

Пред десет години, јас и жена ми го посетивме Алмати (Казахстан) за да го посвоиме нашиот син (наше 4-то дете). Постојат традиционални сиропиталишта во Казахстан. Замислете ги сите оние слики од филмовите за сиропиталиштата, но уште поболни. Ова сиропиталиште што го посетивме е старо Советско здание, опкружено со распаднати камени sидови.

Неколку недели пред самото посвојување, секојдевно, на час и половина, го посетувавме нашиот иден шеснаесетмесечен син. Претежно тие ни го носеа. Секој пат беше во некои други пелени кои можеле да ги најдат. Многу пати тука беа и розевите хулахопки со цветчиња.

Вработените во сиротиштето вистински се грижеа за нив. Меѓутоа, на 30 мали деца имаше само по еден вработен, а некогаш овој однос беше и полош и беа едноставно преплавени. Еден ден, ниту еден вработен не беше достапен. За да го вратиме нашиот иден син, решивме сами да одиме до местото кадешто тој го поминува најголемиот дел од денот.

Внимателно влеговме во просторија полна со кревети. Имаше околу 20 креветчиња и во секое имаше дете на возраст од неколку месеци до една-две години.

И двајцата стоевме и гледавме. Забележавме дека нешто не е во ред. Просторијата беше неверојатно мирна и тивка.

Тишина.

Проверивме дали сите деца спијат. Спиеја само неколку. Некои беа станати, иако повеќето лежеа на грб. Од претходните посети, знаевме дека нашето бебе секогаш е гладно. Немаа доволно за сите. Нашиот 16-месечен син тежеше само 7 килограми.

Просторија со дваесет, мали, гладни дечиња би требало да биде какофонична од плачење. Дури и да не се гладни, тие би плачеле затоа што им треба промена на пелена или внимание. Некои можеби ќе сакаа да бидат носени.

Овие дечиња некогаш плачеле. Инстиктивно. Децата плачат за да им кажат на возрасните дека имаат некоја потреба. Меѓутоа, ако детето плаче и плаче одново и одново и неговите потреби не се задоволени, ако никој не дојде, тој наскоро сфаќа дека плачењето е бесмислено. Значи, тоа беше просторија со 20 мали деца кои беа целосно згаснати. Во тој момент, ако некој ме прашаше, ќе ги посвоев сите.

Плачењето е звук на животот. Детето вели: „Верувам дека некој ќе ги задоволи / подмири моите потреби. Некој ме сака. Некој ќе дојде “

Тоа е прекрасен звук.

Првиот пат кога нашиот син плачеше знаевме дека нешто се менува кај него. Тој сфати дека ние реагираме на неговиот плач.

Следниот пат кога ќе се најдете во ситуација кога детето плаче и не треба да се чуе неговото плачење, како на пример, во црква, ресторан, театар, сетете се дека е тоа најчистиот повик за љубов. Не го игнорирајте овој звук и радувајте се затоа што на плачот кој го слушате, ќе биде одговорено.

Автор: Тревис Норвуд, писател и татко

Изворsynchronylab.com/travisnorwood.com

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]