По породувањето, оваа триесетиедногодишна мајка видела голема расекотина на образот на своето дете.
Кога мајката Реџана Вилијамс ја родила ќерката Кајани со итен царски рез, не очекувала дека тоа ќе остави траги на бебето.
Имено, образот бил пресечен заедно со стомакот на нејзината мајка.
„Се обидував да разберам што се случило и зошто моето дете има исекотина на образот па мораше да дојде пластичен хирург за да го поправи тоа“, била искрена триесет и едногодишната мајка.
„Никогаш не сум чул некој да се сретнал со слична ситуација.
За време на породувањето, лекарите не биле во можност да ги откријат виталните знаци на бебето Кајани, па морале итно да ја однесат мајката на царски рез. Немало чукање на срцето, па затоа овој начин на породување бил неопходен.
„Ми рекоа дека нејзиното лице е многу близу до ѕидот на плацентата, па заради тоа дошло до исекотина“, објаснила мајката, чија ќерка сега е добро.
Иако е неверојатно ретко, некои истражувања покажале дека тоа навистина може да се случи, особено кога станува збор за итен царски рез. Тогаш лекарите брзаат да го спасат животот на мајката и на бебето. Тие мораат да реагираат со неверојатна брзина.
Фото: Pexels