Модерното родителство ќе произведе генерација на себични и некултурни деца

Јас сум инаку оптимист. Верувам дека сè може да се реши и не треба да се драматизира без потреба. Затоа морам да кажам дека современото родителство е сериозен проблем и се надевам дека ќе слушате, но многу внимателно…

0
507

Работев со деца ширум светот и во текот на последните две децении се повеќе се соочував со коментарите на родителите, кои исто како и јас сметаат дека постојат огромни проблеми. И еве ги најголемите. Почнавме да се плашиме од нашите деца. Кога појадуваме наутро и загреваме млеко за децата, ако кажат дека сакаат поинаков прелив или што што повеќе би им одговарало, ние почнуваме да  паничиме и да менуваме сè по нивна желба, само за да ги задоволиме. Грешка!

Кој е родител во оваа приказна, зошто сè мора да биде по нивно? Никој не вели дека треба постојано да наредувате, но не мора ниту да си создавате себеси дополнително оптоварување, такашто ќе им ги исполнувате сите желби. Запрашајте се каква лекција им испраќате на тој начин? Дека ќе добијат сѐ што ќе посакаат, ако посакаат. Ќе биде ли така?

Кога децата се однесуваат лошо, родителите честопати се склони да го припишат тоа на она „сите деца прават така“. Верувајте ми, не е така. Децата се способни да направат многу повеќе од очекуваното, било да станува збор за манири, за почитување кон постарите лица, за самоконтрола и дарежливост. Мислите дека децата не знаат како да седат пристојно на вечера? Или не знаат како да раскренат и да исчистат зад себе? Тоа е глупост, затоа што единствената причина зошто сметате дека не го знаат тоа и не можат да го сторат тоа е затоа што никогаш не им дадовте можност да научат. Подигнете ја скалата на очекувања и ќе видите што сѐ можат да совладаат.

Го изгубивме чувството дека другите учествуваат во процесот на воспитување на нашите деца. Порано тоа беа наставниците, возачите на автобуси, пријателите, другите родители на децата со кои се дружат. И, одеднаш, се случи да не фати нервоза секој пат кога некој друг ќе каже нешто за нашите деца, затоа што, Бог да чува, кои се тие да ни кажуваат како треба да се однесуваат. На крајот на краиштата, тие се наши деца. Ние само ги поддржуваме оние кои го поддржуваат нашиот начин на воспитување, иако можеби воопшто не е правилен. Мислиме дека имаме ексклузивно право само ние да влијаеме врз нивниот раст и развој.

Одлично е што ги имаме сите технолошки достигнувања што можат да го олеснат нашиот секојдневен живот. Можеме да нарачаме храна и намирници кога сме уморни кога ќе се вратиме од работа, да го притиснеме копчето за да го загрееме оброкот. Ајде да го провериме билансот на вашата банкарска сметка со еден клик. Сѐ е импресивно, но има и свои слаби страни. Децата треба да се научат на трпеливост, а во средина кадешто сè е достапно веднаш, тоа е скоро невозможно. Ако мислат дека храната се подготвува за три минути, тие никогаш нема да сакаат да научат како да готват или да ја разберат разликата помеѓу подготвената храна, во која се вложило време и напор, од онаа што доаѓа готова. Затоа вие како родители треба да им објасните кои се предностите на кратенките во животот. Како на оние технолошките, така и на оние што се користат секојдневно во животот.

Објаснете им ги придобивките од чекањето и трпеливоста

Одеднаш, сите ваши потреби не се примарни, што е делумно очекувано. Меѓутоа, не се повеќе ниту на второ место, а единствената работа што ја знаете е дека децата доаѓаат на прво место. Се залагам за тоа децата да бидат на прво место, но без апсолутно да се запоставам себеси. Така често се случува мајките да станат и по 100 пати од кревет за да ги исполнат барањата на своите деца. Како и татковците. Нема ништо лошо во тоа да кажам НЕ понекогаш. Едноставно има ситуации кога е совршено оправдано да се каже не и да им се објасни на децата зошто го правите тоа. Без оглед колку сакате да ги задоволите вашите деца, треба да знаете дека е во ред да се задоволите и себеси.

Се плашам дека освен ако не почнеме да работиме за да ги исправиме овие неколку грешки, иднината би можела да ни ги покаже реалните последици. Децата ќе пораснат во себични, нетрпеливи и некултурни возрасни луѓе. Нема да биде нивна вина, туку наша. Затоа, ве молам родители ширум светот, борете се повеќе. Давајте се себеси помалку. Дозволете им на децата да се развиваат и подгответе ги на тоа дека треба да бидат успешни во реалниот свет што сте го создале за нив, но мора да им дозволите да научат самите, пишува „Хафингтон пост“.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]