Модерните родители сакаат нивните деца да ги гледаат како пријатели, па избегнуваат строго воспитување

Истражувањето спроведено на 2.000 родители покажало дека има промени во родителството. 87 проценти од денешните родители сметаат дека благиот пристап е подобар за менталното здравје на децата.

0
123

Модерните родители сакаат нивните деца да ги гледаат како пријатели. Затоа 73 проценти од нив преферираат заигран пристап, наместо строг.

Истражувањето спроведено на 2.000 родители покажало дека има промени во родителството. 87 проценти од денешните родители сметаат дека благиот пристап е подобар за менталното здравје на децата. Три четвртини од родителите воопшто не очекуваат нивните деца да се однесуваат најдобро, тие сакаат нивните деца да се забавуваат растејќи.

Од друга страна, постарите родители сметаат дека ваквиот стил воспитува деца со недостаток на почит (29 проценти) и дека децата нема да ги знаат границите кога ќе пораснат (45 проценти). Само 37 проценти од постарите родители го гледаат своето дете како пријател.

Една четвртина од постарите мајки и татковци сметаат дека третманот на децата како пријатели е „мрзлив пристап“, додека една петтина тврдат дека тоа покажува недостаток на став.

„Да се ​​биде разигран, позитивен родител е важно затоа што создава спомени кои траат цел живот. Последната година беше многу тешка за децата, а релаксиран, сигурен и поврзан родител им помага да се чувствуваат поддржани и разбрани, што е добро за нивното општ добро и ментално здравје. Тоа им помага на родителите да создадат силна врска што поставува одлична основа за доживотна врска родител-дете“, вели експертот за родителство, Сју Аткинс.

Истражувањето исто така открило и дека најчестите техники на воспитување кај постарите родители вклучува учење за почитување на старите лица (62 проценти), вршење на работи во домаќинството (49 проценти) и испраќање во нивната соба (41 процент).

Пред неколку години, децата беа поттикнувани да јадат со семејствата (46 проценти), строго да се придржуваат до режимот на спиење (40 проценти), а лошото однесување беше казнувано (35 проценти).

Спротивно на тоа, модерните родители ќе наградат добро однесување (54 проценти), ќе им овозможат на децата независност и слобода да учат од сопствените грешки (48 проценти) и ќе одвојат време за глупирање и играње (46 проценти). Денешните мајки и татковци ја игнорираат лесната непослушност (30 проценти) и ги оставаат децата да јадат каде и кога сакаат (17 и 13 проценти, соодветно).

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]