Мила Јововиќ открила дека ја инспирираат мајките од сиромашните земји

Актерката Мила Јововиќ неодамна открила еден детал од својот семеен живот со кој ги запрепастила родителите ширум светот – таа, нејзиниот сопруг Пол и двете ќерки, иако имаат 11 и 4 години сѐ уште спијат во ист огромен кревет. Што мислите вие за ова, дали вашите деца спијат во ист кревет со вас и до која возраст?

0
492

Неодамна во емисијата на Венди Вилијамс, актерката Мила Јововиќ (43) ја шокирала публиката кога открила дека таа и нејзиниот сопруг сѐ уште спијат во ист кревет со своите две ќерки, Евер Габо (11) и Дашиел Едан (4), и дека наменски куила огромен кревет за да може целото семејство да спие во него.

На чудењето на водителката и публиката, Мила констатирала дека „95 отсто од семејствата ширум светот спијат заедно“.

„Зборувам за земјите како Тајланд, Индонезија, Африка….Луѓето спијат заедно и тоа им одговара, како и нам“, објаснила Мила.

Публиката и натаму немала разбирање за фактот дека толку големи девојчиња спијат со родителите, па Мила им објаснила:

„Пол е режисер, а јас глумица. Кога работиме заедно, често работиме и по 15 часа дневно. Тоа значи дека единствено ноќе имаме време за децата“, вели Мила. Меѓутоа, открила и дека постара ќерка Евер ѝ се „заканува“ дека наскоро ќе се исели од креветот во својата соба. Сепак, брзо се предомислува затоа што знае дека без неа ќе бидеме осамени“.

Следеле прашања од публиката за тоа како таа и сопругот ја одржуваат страста во бракот кога го делат креветот со децата.

„Секоја недела имаме една вечер само за себе. Тоа е петок, кога одиме на вечера, а потоа во хотел и тогаш се занимаваме со „работи за возрасни“, вели Мила.

На крајот заклучила дека нејзина најголема инспирација се „мајките од третиот свет“.
„Сметам дека врската помеѓу мајката и децата е многу посилна во земјите кои се посиромашни. Нема електроника, нема фенси детска опрема, има само мајка која секаде ги води со себе своите деца, го дели креветот со нив, а сосетките ѝ помагаат и прискокнуваат кога ќе затреба“, заклучила актерката.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]