Мети Камбери – од детство на улиците до објавен роман на 19 годишна возраст

На 12-годишна возраст, завршил во дом за деца без родители. Таму почнал да учи, да чита и да пишува, а за шест години го совладал материјалот толку многу што во март годинава ја објавил и својата книга „Град на болка“, и првиот тираж од илјада примероци е веќе распродаден. Со својата болна приказна, Мети Камбери го начнал и по шевови го раскинал социјалниот систем, таканаречените хранители, т.н. воспитувачи и т.н. социјални работници.

0
286

Мети Камбери е роден на 29 ноември 2000 година во Ниш, не знае кој му го дал името Мети Камбери, не знае кој му е татко. Нема фотографии од детството. Неговата мајка, неписмена жена од Косово, ѝ го препуштила на улицата. Просел, крадел, се коцкал, сменил пет основни училишта, живеел во згрижувачки семејства и поминал голгота со тие „луѓе“ кои земаат деца само за да добијат материјална помош.

„Сум бил на улица повеќе отколку со нив“, вели Мети кој наскоро завршува вонредно во средното училиште за мода и убавина во Ниш.

На 12-годишна возраст, заврши во дом за деца без родители. Таму почнал да учи, да чита и да пишува, а за шест години го совладал материјалот толку многу во март годинава ја објавил и својата книга „Град на болка“, и првиот тираж од илјада примероци е веќе распродаден.

Мети сега е нов феномен на литературното небо, но неговата книга ја нема во книжарниците. Тој не сакал. Само онлајн продажба.

Со својата болна приказна, Мети Камбери го начна и по шевови го раскина социјалниот систем, таканаречените хранители, таканаречените воспитувачи и т.н. социјални работници.

„Задоволен сум што се однесува до публиката, јас веќе го продадов првото издание, ги вратив долговите, го платив лекторот и ќе заработам нешто од второто“. Пишувањето е самотен живот; додека пишував, се чувствував како самоубиец. Ѝ се предадов на мојата осаменост, а и се навикнав да бидам сам. Но, пишувањето е исто така и новата слобода што ја најдов. Јас сум темпераментен и целиот гнев и бес, фрустрација, нервоза поради луѓето, ги преточив во книгата.

А почнав да пишувам кога ми беше од сè преку глава. Пишував осум месеци, каде и да одев, на клупа во паркови, спиејќи кај другарка, пишував со жуљеви на рацете. Додека го пишував романот, работев во градежништво, градевме хотел. И потешко е да се напише книга отколку да се изгради хотел. Најтешкиот дел беше да најдам вистински начин да ја исфрлам тагата од мене. Важно е да се биде искрен, а јас со сигурност знам кој сум, исто како што знам дека сум гладен “.

За животот на улица му е потешко да зборува отколку да пишува.

„Уживав да талкам по улиците, да крадам, наоѓав други деца што го прават истото. Животот на улица е леб со две корки. На улица, исто така учите да се борите, да го разбудите ѕверот во вас, да стекнеш другари со кои ја делите истата судбина, но и да пропаѓаш. Како дете, се плашев од темнината, но на улица нема страв затоа што мора да одите сами во темница. Така ги избивав сопствените стравови. Почувствував бетон, спиев со празни црева, талкање, студ, лошо друштво, неморал, пушење трева и сè друго. Поминав низ сè, одев на училиште со дупнати ѓонови.

А сепак, ја сакав улицата без оглед на тоа што трчав бос по вжарениот бетон.

Ми беше во ред да просам пари, да барам да ми купат нешто за јадење. Се сеќавам на ќотекот што го добив од еден келнер пред кафеана. Не беше лесно, но се почитуваат уличните кодекси.

Улицата е чудо, ако имаш материјал во себе, улицата ќе направи од вас човек кој може да промени нешто во општеството. Ако немате сила, тогаш ќе ве изеде темницата“.

Тој не го барал материјалот за романот затоа што живее во него 19 години.

„Кога првпат дојдов во домот, имав 12 години и со мене две црни кеси. Тогаш

првпат сфатив што е колектив, таму имаше неколку пријатели со кои порано крадев. Таму научив како да се борам, но и како да ги почитувам постарите. Јас крадев, но кога имате само 12 години, не можете да бидете крадец. Работев на себе затоа што знаев дека ниту една паметна девојка нема да биде со некој што краде. Успех беше кога нормална девојка која знае дека сум домско дете, а сепак сака да си игра со мене“.

За него било болно да се сеќава на тој период, особено затоа што ги стави сите тие тешкотии на хартија.

Сака да студира, да биде социјален работник и има добра причина за тоа.

„Хранителите се лоши луѓе, тие се алчни, ги чуваат децата само за пари. Постојат и такви кои се обидуваат да го променат внатрешниот аспект на децата, но повеќето од нив го прават тоа од корист. Чист материјализам. Тие само купуваат работи за своите деца. Моите хранители беа Роми, но не се виновни само тие, туку и социјалните работници, кои имаат искуство и знаење и треба да знаат каде да ги испратат тие деца, а не да им ги даваат на оние што дури ни своите не успеваат да ги изведат на патот, а камоли оние од улицата. Никогаш не добив џепарлак во згрижувачко семејство. Јас бев гладен и покрај хранителите. Научив како треба тие деца да се воспитуваат – не треба вака. Воспитувачите стекнуваа авторитет извртувајќи ни ја раката. Ниту еден од воспитувачите не ја нарача мојата книга, но ја нарача тетка Марица, готвачката. Јас ќе бидам социјален работник. Јас сум создаден да им помогнам на многумина, многу слаби ги направив силни, иако сум и јас слаб“.

Сепак, имаше и светли точки на тој трнлив пат. Подобро кажано, една точка која се вика Емилија Ѓуровиќ, воспитувачка во домот.

„Кога имав осум години, Емилија излезе од кафулето со својот партнер и ме виде како просам. Таа ме праша за моето име, јас ѝ го кажав, а таа не ми го кажа нејзиното име. Но, подоцна стана моја воспитувачка во домот. Таа е моја идеолошка мајка. И сега сум како член на нејзиното семејство “.

Кога излегол од домот ги продал сите свои книги, за 20 евра.

„Тетка Ема ми донесе книги, а и јас украдов многу книги. Кој не украл книга, тој никогаш не ни читал. Емилија ми подари книга од Зоран Цириќ, „Прислушување“ со посвета на писателот, која исто така ја продадов. Сега би сакал да ја купам потпишаната книга. Жал ми е што морав да ги продадам тие книги за да се прехранам“.

Вели дека на почетокот не можел да чита класици, особено Достоевски.

„Фатив гранка која беше доста висока. И тогаш започнав да читам нешто што ќе ми значи нешто во животот, па ги зедов „Будење“, „Степски Волк“, „Небото нема миленици“, „Триумфалната капија“, „Вечер во Лисабон“, „Лов на змејови“, „Илјада чудесни сонца“… Тоа ми помогна да станам од социјалниот патос. Животот што го живеев не е достоен за човечко суштество“.

Сега тој повторно живее со својата мајка и брат во трошна куќа.

„Мајка ми е постара жена, неписмена, со пониска интелигенција, таа е необразована и ја ослободувам од вината, ги ослободувам сите мои непријатели, луѓето што ме задушуваа. Всушност, можам да им кажам благодарам затоа што тие беа ветер во мојот грб. Мајка ми живее на социјална помош, нема ништо, а ќе ви даде сè. Таа не знае колкав успех постигнав, знае дека напишав роман, но не знае да чита. Таа не разбира што се случува. Не го познавам татко ми. Јас многу кратко страдав за моите биолошки родители, кога како дете постојано сте дискриминирани и претрпувате навреди од врсниците, затапувате. Ја надминав таа тага како дете. Не страдам поради мојата боја на кожа. А како мал се срамев од моето име и презиме, затоа што одев искинат. Бојата на кожата е обична форма. Јас немам вера, не ми претставува проблем ниту да се крстам ниту да се поклонувам. Ме вознемирува кога потенцираат дека сум Ром, јас сум само 19-годишно момче“.

Оваа книга ја виде светлината на денот благодарение на издавачката куќа „Нова Поетика“, чиј главен уредник Миломир Бата Цветковиќ вели дека објавуваат таканаречени „книги за самофинансирање“, што значи дека авторот има завршен ракопис и спонзор за печатење, а потоа е сопственик на тиражот. Но, во овој случај се случи исклучок.

„Кога го добивме ракописот на Мети, решивме да го објавиме иако немаше спонзори. Успеавме со помош на пријатели и пријатели на пријатели. И наместо да печатиме, како што обично се случува – 300 примероци, направивме илјада. Романот е напишан лудо и брзо, филмски. Тоа беше ризик, но испадна добро. Поентата беше да се објави што е можно поскоро затоа што Мети беше во сериозна финансиска неволја. Ракописот го добивме во јануари, а во март книгата веќе беше достапна. Многумина не ги разбираат сите ужаси на тоа социјално дно. Знаеме површински дека на тие деца им се случуваат ужасни работи, но не се занимаваме со тоа. Во тие домови не работат многу хумани луѓе. Тие честопати се иживуваат со нив, ги тепаат кога ќе стасаат. А настрана приказната за расизам, низ која постојано поминуваат децата со темна кожа. Мети добро се справува со тоа. Но, откако беше објавена книгата, Мети беше претепан, неговата усна била исечена по принципот „што се правиш сега важен“. Во таа клима и во тие нивни релации, Мети сега е уште позагрозен. Затоа се обидуваме да му помогнеме да дојде да студира во Белград “, вели главниот уредник на„ Нова поетика“.

А Мети на сето ова има да додаде: „Не ја продавајте својата душа за да купите иднина. Тоа не е среќа“.

Текстот и фотографијата се од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]