Маjка признава: Ги учам децата дека споделувањето играчки е кражба

Не ми е гајле дали звучам чудно или не, ама јас ги учам моите деца дека ако не сакаат, не мораат да ги делат своите играчки со никого. Таа има и посебна причина за ваквиот став. Без оглед на причините, што мислите вие: Дали децата треба да ги споделуваат своите играчки со другите деца?

0
262

Блогерката Лора Маца уште еднаш изненадила со својата искреност. Оваа 33-годишна жена не се срами да признае дека понекогаш им дава на децата таблет или дека нејзината четиригодишна ќерка сè уште носи пелени, а сега зборува и на темата која често предизвикува дискусии помеѓу родителите – споделувањето играчки.

Имено, Лора е мајка на три деца: синовите Лука (6) и Џејмс (2) и девојчето Софија која има нарушување од аутистичниот спектар и е многу приврзана за своето ќебе и сензорната играчка.
Во една пригода Лора била во паркот со децата. На децата им се приближиле две непознати деца кои сакале да си играат со играчката на Софија, што неа ја вознемирило. Децата истрчале кај своите мајки и се пожалиле дека Софија не им ја дава играчката, на што жените извикале: „Играчките треба да се делат!“

„Децата се вратија кај ќерка ми и ја зедоа нејзината играчка. Софија ме погледна со тажни очи, па ги замолив да ѝ ја вратат играчката. Тие почнаа да ми објаснуваат дека ќерка ми треба да ги споделува своите работи. Им реков дека не мора, ако не сака“, напишала Лора и објаснила што стои зад нејзината филозофија.

„Можеби звучам како чудовиште, но споделувањето е општествено прифатлива форма на кражба и моето дете не мора да споделува ништо со никого. Ако тоа беше твојот телефон, дали ќе ти беше мило ако некој ти пријде и ти го земе од рака затоа што, нели, ‘работите треба да бидат споделувани’ Се сомневам. Тоа е моја сопственост. Јас секогаш ќе ги охрабрувам моите деца да кажат ‘не’, ако не сакаат да споделат нешто“, заклучила таа, поттикнувајќи голем број родители да се вклучат во дискусијата. Повеќето се согласиле со нејзиното мислење.

Што мислите вие, дали децата треба да ги споделуваат своите играчки со другите деца?

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]