Применувајќи ја оваа изрека како природен дел од односите им дозволуваме на синовите да веруваат дека треба да изберат – дека е во ред да си го стават своето семејство зад себе. Но, тоа всушност не е во ред. Синот не треба да одлучува помеѓу две семејства. Зошто врската помеѓу неговото семејство да биде помалку важна отколку врската со ќерката или партнерката и нејзиното семејство? Не е. Но, општеството ги притиска нашите синови да ги направат жртвите за да се докажат во новото семејство.
Како сопруга, јас балансирам во светот на повеќе семејства повеќе од 14 години. Не можам да замислам да го повлечам сопругот од неговото семејство за да ги пополнам потребите на моето. На почетокот тоа беше тешко. Но, развиваме унија која функционира додека ги одржуваме значајните односи. Се разбира, ќе има периоди кога ќе се чувствуваме принудени да избереме помеѓу едното или другото. Но, овие врски се повеќе од средби за празници и родендени. Тие се составени од моментите помеѓу.
Па зошто им кажуваме на синовите дека еден ден поврзаноста со неговото семејство ќе биде помалку вредна? Нашите синови се под притисок на првите состаноци со родителите на девојката – нејзиниот татко вообичаено се шегува дека знае да користи пиштол и слично, како закана дека треба да се однесува добро кон неговата ќерка. Ништо од ова не треба да биде толерирано, па изгледа дека нашите синови се под притисок уште на почетокот од врската. Постојано им се врежува во мислите дека треба да остават добар впечаток и да импресионираат. Така момчето се губи себеси во тоа ново семејство. Како што се развива односот, веќе не сме првата личност што тој ја бара.
И тоа е во ред. Како мајки треба да разбереме дека ќе има промена во однос на тоа кој сѐ се грижи за нашите синови. Нема да бидеме првите на кои ќе им се обратат кога ќе бидат болни или ќе им треба совет. Но, тука повеќе се работи за пораки и телефонски повици на дневна основа. Нашите синови ќе бидат дел од нас, засекогаш. Односот ќе се менува и развива, а ние ќе се приспособуваме на новите динамики.
Да престанеме да им велиме дека ќе треба да изберат. Еднакво е важно родителите да ја препознаат важноста на неговото семејство и да развијат однос со луѓето во неговиот живот. Нејзиното семејство не е позначајно. Партнерствата треба да се фокусираат на хармонична рамнотежа.
Да им дозволиме на нашите синови да се движат по својот пат без притисок да одлучуваат кој повеќе ги заслужува нивното време и љубов. Откако поминав цел живот во негово воспитување и одгледување, немам проблем да го пуштам и да го гледам како создава семејство. Но, не се согласувам да имам чувство како да сум последна на листата, зад семејството на неговата партнерка.
Текстот е од ТУКА.
Фото: Pixabay