Според труд објавен во научното списание Developmental Psychology, истражувачите набљудувале во кој стадиум мајките на малите деца (до 36 месеци) доминираат во играта и им покажуваат на своите деца што да прават, а потоа проучувале како се однесувале тие деца во следните 8 години. Заклучиле дека родителството кои се склони кон контролирање е поврзано со низа проблеми кај децата во текот на раснењето.
„Родителите кои нагнуваат кон преголема контрола најчесто имаат многу добри намери и се трудат да им биудат поддршка на своите деца. Меѓутоа, за стимулирање на емоционалните вештини и однесувања родителите би требало да им дозволат на децата да искусат спектар на емоции и да им дадат простор да се испробаат и да се обидат да управуваат со тие емоции незваисно, а да им помагаат само кога задачата ќе им стане премногу тешка на децата“, рекла за Гардиен коавторката на студијата др. Никол Пери од Универзитетот во Минесота.
Американските и швајцарските научници во рамките на оваа студија го истражувале однесувањето на 422 деца на возраст од две години, такашто ги повикале мајките со децата во лабораторија, кадешто им дале да си играат 4 минути со низа играчки, а потоа требало да ги поместат играчкиуте во текот на следните две минути. Истражувачите притос оценувале во која мерка мајките се обидувале да ги преземат задачите.
Понатаму, ги набљудувале реакциите на децата на возраст од пет години на неправедната поделба на счлатките како и нивната способност внимателно да размислат за решавање на задачите под притисок на времето.
На крајот, истражувачите ги прашале учителите на децата на возраст од 5 и 10 години да ја оценат присутноста на депресија, анксиозност или осаменост кај децата, потоа успехот во училиште и социјалните вештини. Десетгодишните деца биле испитувани за своите ставови кон училиштето и учителите, како и за емоционалните проблеми.
Истражувачите заклучиле дека однесувењето на мајките кои се склони кон поголема контрола е поврзано со тоа нивните деца да имаат помала контрола над своите сопствени чувства и помала контроила над своите импулси на возраст од пет години.
Заклучиле дека постои врска помеѓу петгодишниците со послаба контрола на чувствата и послаби социјални вештини на возраст од 10 години како и со послаб успех во училиштето.
Сепак, др.Џенет Гудал од Универзитетот во Бат коментирала за Гардиен дека тука треба да се биде внимателен затоа шпто е тешко да се каже колку родителска контрола е „премногу“, и дека треба да се земат предвид и културолошките фактори, како што е прашањето колку е опасна околината во која расте детето.
„Студијата ја покажува врската помеѓу родителите за кои тие сметаат дека премногу ги контролираат своите деца и подоцнежните проблеми на тие деца, но студијата не зборува дека е тоа причина на подоцнешните проблеми, туку зборува дека тоа оди едно со друго – а притоа ги набљудувале родителите само шест минути“, рекла др.Гудал.
Таа додава дека родителите не би требало да се чувствуваат виновни. „Важно е родителите да се грижат за своите деца, за она што го прават и што учат“, заклучила таа.