Една Британка анонимно напишала на родителската веб-страница Mumsnet, дека ѝ е многу лута на мајката на нејзиниот партнер затоа што ја користела снимката на нивното дете како насловна фотографија, иако самата никогаш не објавила ништо ниту за својата бременост на социјалните мрежи.
Таа признала дека е вознемирена од фактот што не ги познава сите луѓе кои се наоѓаат на списокот на пријатели на нејзината свекрва кои можат да ја видат спорната фотографија.
„Дали сум неразумна ако се налутам што мојата свекрва ја сменила својата насловна фотографија со огромна слика од лицето на бебето, без претходно да ме праша?“ праша загрижената мајка.
Луѓето имаат поделени мислења за ова. Некои истакнале дека сочувствуваат со неа и ја убедиле да разговара со свекрвата и да ја замоли да ја отстрани фотографијата.
„Лично, сметам дека ја надминала границата и би требало да ја прашате да ја отстрани фотографијата“, е еден од коментарите.
„И јас би се вознемирил. Имам строга политика во однос на социјалните медиуми. Не знаете кој ги гледа овие фотографии. Не мора сите да бидат објавени на Фејсбук“, се согласил друг.
„Кажете и да ги отстрани или ќе престанете да ѝ испраќате слики. Лично, нема да има фотографија од моето дете на социјалните мрежи сè додека самото не се реши да го направи тоа. И, тоа е јасно за сите“, заклучила трета.
Но, другите сметаат дека нејзината реакција е претерана, пишува Дејли Меил.
„Што мислите, што ќе се случи со фотографиите што се сега на Фејсбук? Ова навистина не е голема работа“, порачала уште една корисничка на Мамснет.
Фото: Pexels