Мајка чија ќерка се самоубила еден ден пред 12-тиот роденден ги предупредува родителите

Како и повеќето луѓе, семејството Вилаторо не го очекувало ова и немале идеја дека нивното „секогаш насмеано“ дете ќе изврши самоубиство. Според GoFundMe, кој бил креиран за да помогне во плаќањето на погребот на Макајла, семејството се сомнева дека врсничкото насилство било причина за нејзиното самоубиство.

0
1972

Хелем Вилаторо се соочила со најлошиот кошмар на секој родител. Нејзината ќерка Макајла Мари Вилаторо извршила самоубиство ден пред нејзиниот 12-ти роденден. Сега Хелем ги моли другите родители да се погрижат за менталното здравје на нивните деца додека не биде предоцна за тоа.

„Таа секогаш беше среќна“, рекла Вилаторо, „Не е во ред … Јас треба да го прославувам нејзиниот роденден, а не да ја оплакувам ќерка ми. Тоа е најлошата болка. Тоа е најголемата болка на светот, како можеш воопшто и да заспиеш знаејќи дека ја нема?“

Како и повеќето луѓе, семејството Вилаторо не го очекувало ова и немале идеја дека нивното „секогаш насмеано“ дете ќе изврши самоубиство. Според GoFundMe, кој бил креиран за да помогне во плаќањето на погребот на Макајла, семејството се сомнева дека врсничкото насилство било причина за нејзиното самоубиство.

Затоа, Хелем ги охрабрува родителите да не игнорираат никакви предупредувачки знаци и добро да внимаваат на тоа како се чувствува нивното дете.

„Грижете се за вашите деца. Дури и ако ви кажат дека се добро, притиснете ги. Проверете ги нивните мобилни телефони”, порачала оваа мајка за КТВТ.

Американскиот национален центар за спречување на насилство наведува дека децата кои се жртви на насилство имаат поголем ризик од развој на депресија, анксиозност и отежнато спиење. Тие исто така може да имаат потешкотии во учењето и поверојатно е дека ќе го напуштат училиштето.

Според статистичките податоци, проблемот со врсничко насилство станува сѐ поизразен и сѐ повеќе деца се погодени од негативни коментари, лоши шеги и трауми што ги доживуваат на социјалните мрежи, но и надвор од нив. Истражување помеѓу младите во САД од 2018. година покажало дека скоро 20% од децата на возраст меѓу 12 и 18 години биле жртви на насилство и се жалеле дека ваквите инциденти го зголемуваат чувството на изолација, отфрлање, депресија и анксиозност, а сето тоа може да биде причина за самоубиство, пишува Times Of India.

Ако се сомневате дека вашето дете било злоупотребувано, еве неколку знаци на кои треба да внимавате:

– Детето спие лошо или често страда од кошмари

– Детето има чести промени во однесувањето, изгледот или личноста

– Појава на хронични главоболки и болки во стомакот како резултат на стрес

– Изолирање од друштвото

– Физички знаци кои можат да укажуваат на насилство, како што се исеченици или модринки

– Престанок на комуникацијата со пријателите или врсниците

– Лоши оценки

– Промени во рутината или интересите.

Фото: gofundme.com

[better-ads type='banner' banner='999' ]