Мајка тинејџерка тврди: Јас сум способна како и секој родител

Се откажав од моето детство поради моето дете и ќе направам сè за неа. Таа е мојот живот, вели Американката Меди Ламберт од Тексас која останала бремена на 13 години, денес има 17 и е јутјуб ѕвезда. Што мислите вие на темата: мајки-тинејџерки?

0
199

Меди Ламберт од Тексас останала бремена на 13 години. Четири години подоцна, таа е јутјуб ѕвезда, си ја чува својата ќеркичка и тврди дека е способна како и секој друг родител. Иако на почетокот добивала многу сурови коментари, а ѝ испраќале и адреси од клиники за абортус дури и до седмиот месец од бременоста, таа надминала сѐ, одлучила да го зачува детето, па и покрај многуте драми, дури успеала да воспостави и добар ко-родителски однос со таткото на својата ќерка, кој е исто така тинејџер.

Photo shared by mads👼🏼 on March 29, 2021 tagging @itslou47. May be an image of 3 people, child, people standing and indoor.
„Кога останав бремена, се плашев од реакцијата на другите и со право. Многумина беа негативни, полни со омраза. Сите имаа што да кажат и не се воздржуваа“, вели таа.
snowed in with the only toddler i know that DOESN’T want to build a snowman ⛄️:( swipe for some outtakes lol comment below! did you get snow? if u did r u in a state that neverrrrr snows too?! lmk! i’m in texas and it hasn’t snowed like this here since i was 7!!

Истакнува дека многумина верувале дека бременоста и породувањето ќе ѝ го уништат животот.

„Ми испраќаа адреси на клиниките кадешто можев да абортирам, дури и во седмиот месец од бременоста. Некој ми напиша дека се надева дека и двете ќе умреме за време на породувањето. Затоа решив да им покажам на сите дека можам да бидам најдобрата мајка во светот“, додава Меди.

Нејзината ќеркичка Еверли денес има три години.

Photo by mads👼🏼 on March 06, 2021. May be an image of 1 person, child, standing and indoor.
„Таа не само што ми го смени животот, туку и ме спаси. Пред тоа, се борев со депресија, на 13 години се обидов да се самоубијам. Се борев да го најдам своето место во светот, а потоа таа ми даде причина да се борам“, тврди Меди.

Таа започнала свој канал на Јутјуб на кој има 1,5 милиони следбеници. Се надева дека нејзината приказна ќе ја разбие стигмата за мајките тинејџерки.

„Многумина мислат дека сум лоша мајка затоа што сум тинејџерка, но јас сум способна за тоа како и секој родител. Се откажав од моето детство поради моето дете и ќе направам сè за неа. Таа е мојот живот“, заклучила таа.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]