Јас сум таа мајка која го учи своето дете дека треба да врати ако некој ја удри прв!
Врсничкото насилство стана вообичаено, а родителите се обидуваат на секој начин да ги заштитат своите деца и да ги научат како да се заштитат себеси.
Повеќето се согласуваат дека одмаздата не носи никакви резултати или решенија за проблемот, но една мајка е искрена и признава дека не само што не се согласува со тоа, туку и дека го учи своето дете да му врати на оној што прв ќе ја удри.
„Јас само би сакала да потсетам дека децата поминуваат осум или повеќе часа во градинките, додека тие поминуваат двојно повеќе време со своите родители. Ќе набројам само два, најнови примери за педагошката работа на воспитувачите (иако би можела да набројам милион такви).
Родителите се главно попустливи и незаинтересирани, што е повторно еден вид занемарување на детето. Зошто никој не реагира?
Во групата каде што е моето дете (пет години), воспитувачите дозволуваат создавање „кланови“.
Моето дете не смее да игра со оваа или онаа играчка, бидејќи само Перо, Мика, Зика играат со неа.
Што мислите, каква е веројатноста некои од тие деца подоцна да научат што значи „НЕ“, што значи пријателство, што значи тимска работа, дека не може да биде сè како што сакаат затоа што тие не се центар на светот?
Кога девојче од групата ја удрила со нога во стомакот, таа не се осмелила да ѝ каже на учителката затоа што не било убаво да се жали. Само бебињата се жалеле. И тогаш имаме дете кое извршило насилство и поминало без предупредување, неказнето.
Каква порака испраќа ова? Дали е тоа нормално? На најрана возраст ги учат да молчат и да трпат, затоа што, во спротивно ги прогласуваат за бебе што се жали.
И, да, јас сум мајката која го учи своето дете дека треба да возврати ако некој ја удри прв.
Ако не може да ѝ каже на воспитувачката, воспитувачката не забележува самата, а јас не сум таму, кој ќе ја заштити? Мислам дека насилството не е решение, но не е решение ниту да се трпи и да се биде жртва.
Ако има деца кои се отворено агресивни, каде се психолозите? Каде е Центарот за социјална работа? На кого, како родител, треба да се жалам на работата на воспитувачите и дали сметате дека има шанси да постигнам нешто со тоа?
Мислам дека целокупниот систем не функционира. Некои воспитувачи не се заинтересирани, повеќето родители исто така, а внатрешна контрола и надзор над градинките и да не споменувам.
Можеме да постигнеме нешто само преку тимска работа, но за жал, секој само кука за својата судбина – мали плати, многу деца во групи, родителите работат многу, па им даваат на своите деца таблет и што и да е, само за да се одморат. Маки.
Најлесно е да ги затворите очите и да се преправате дека нема проблем. И можеби тој проблем ќе се реши сам“, пишува оваа мајка која поради сето тоа, искрено признава дека го учи своето дете да возвраќа на ударите.
Фото: Freepik