Мајка предупредува: Мојот син за малку ќе го изгубеше видот поради играчка за во када

Бактериите кои се развиваат во играчките за капење бидејќи се тие ретко целосно суви, предизвикале кај детето тежок целулитис кој на крајот можел да предизвика и оштетување на мрежницата. Затоа мајката ги повикува другите родители да не ја направат истата грешка и да ги исфрлат играчките за капење

0
429

ЕДЕН Стронг, мајка на три деца, со својата објава на Фејсбук загрижила многу родители.
Како што напишала, нејзиниот син за малку ќе го изгубел видот поради играње со играчка за капење. Таа истакнала дека претходно била свесна колку лесно се собира мувла во играчките за бањање и затоа секогаш се обидувала да ја исцеди убаво водата од нив после употреба.
„Ги чистев на секои неколку недели со воден раствор за избелување и редовно ги држев на светло за да видам дали има мувла“, додала Стронг.
Но, и покрај сето ова, Еден не знаела дека бактериите сепак можат да се развијат во играчките, бидејќи тие се ретко целосно суви.
Така, на почетокот на оваа година дадилката на момчето рекла дека малиот Бејлор се испрскал во окото играјќи со една од тие играчки. Отпрвин, мајката не паничела затоа што неговото око било само малку црвено и таа не можела да ја види мувлата во играчките.
„Заклучив дека тоа е едноставно иритирано од вода или можеби од притисок од вода, такашто не размислував многу за тоа“, напишала таа во својот пост на Фејсбук.
Но, се загрижиле кога окото на момчето станало уште поцрвено, па сопругот на Еден го однел во болница затоа што се плашеле дека има конјунктивитис. Лекарот ја потврдил нивната претпоставка, им дал капки и им олеснало бидејќи нивното момче наскоро ќе биде подобро.
Во текот на ноќта, состојбата на Бејлор се влошила.
„Не очекував дека ќе го најдам во креветче со дупло поголемо око отколку што беше пред да си легне и црвенилото се ширеше по образот. Бидејќи сум по малку интернетски-медицински гуру, веднаш се прашував дали можеби развива целулитис, па отидовме на Брза помош, кадешто друг лекар уште еднаш се согласи со мојата дијагноза и му напиша рецепт за орални антибиотици“, се присетува таа.
Но, во 6 часот наутро, окото на Бејлор било толку отечено што не можел ниту да го затвори, па неговите преплашени родители го однеле назад во болницата. Покрај тоа, добил и температура.
Кога се вратиле во Ургентно, на Бејлор веднаш му биле дадени антибиотици и морал да направи КТ за да проверат дали му е оштетена мрежницата.
„Следната недела беше прилично застрашувачка. Тој имаше тежок целулитис кој на крајот се прошири по лицето и двете очи. Бев предупреден дека може да го изгуби видот во окото што беше во полоша состојба, но на крајот, фала му на Бога, неговите очи се зацелија“, напишала оваа мајка.
Целулитисот е обично предизвикан од бактериска инфекција и е болна состојба која главно ги погодува рацете, нозете и стапалата, пишува The Sun.
Повикувајќи ги другите родители да не ја направат истата грешка, Еден додала: „Играчки за капење? ФРЛЕТЕ ГИ. Не можете да ги исчистите, едноставно не можете”.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]