Мајка побарала да се отстрани нејзиниот посинок од семејната фотографија

Мајка чиј идентитет е скриен, ги замолила членовите на една група на Фејсбук да ја обработат нејзината семејна фотографија, не очекувајќи дека ќе наиде на толку остра реакција. Имено, таа испратила три професионални семејни фотографии во групата, барајќи некој да го отстрани од нив нејзиниот посинок „затоа што тој не е нејзино дете“, притоа потенцирајќи дека го сака.

0
426

Дали има шанса некој од вас да го отстрани момчето кое се наоѓа на десната страна од фотографиите? Тоа е мојот посинок и јас ги сакам овие наши заеднички фотографии, но немам ниту една на која сум сама со моите деца. Исто така, извадете го и од групната семејна фотографија. Благодарам однапред. Јас го сакам мојот посинок, но сакам и фотографии без него. Овие веќе ги објавив, но сакам да имам и други“, стои во пораката што предизвика лавина коментари на Фејсбук.

Мајка чиј идентитет е скриен, ги замолила членовите на една група на Фејсбук да ја обработат нејзината семејна фотографија, не очекувајќи дека ќе наиде на толку остра реакција. Имено, таа испратила три професионални семејни фотографии во групата, барајќи некој да го отстрани од нив нејзиниот посинок „затоа што тој не е нејзино дете“, притоа потенцирајќи дека го сака.

Луѓето ги разгневило барањето и приказната наскоро се раширила низ Интернет.

„Се надевам дека беа сурова кон неа на Фејсбук“, „Ова ме натера да се растажам, замислете како се чувствувало кутрото дете“, „Делува баш како позирале со таа цел затоа што момчето седи малку подалеку од остатокот од семејството“, „Да го сака подеднакво, не би го викала посинок”, „Нека ја отстрани некој неа од фотографијата и нека ѝ го испрати тоа”, „Ова е одвратно, се надевам дека ова ќе го налути нејзиниот сопруг и дека ќе се разведе од неа“, се дел од коментарите за нејзината постапка.

На социјалните мрежи не ја штеделе, а биолошката мајка на момчето добила голема поддршка од оние што ја познаваат и од оние што не ја познаваат, но сочувствуваат со неа, пишува Bored Panda.

„Збеснав. Го дознав тоа од бабата на мојот син која го видела ова на страницата на Фејсбук што ја следи. Маќеата го напишала постот во саботата, а ниту таа ниту таткото на мојот син не ме контактираа. Не знаев за тоа до понеделникот, а таа дури и не се обиде да се извини додека не се јавив кај бабата на син ми. Реакцијата на Интернет е неверојатна. Не очекував дека толку многу луѓе ќе се заземат за тригодишно дете. Мислам дека нејзиниот пост се одразува лошо на мене како мајка. Сакам сите да знаат дека целото мое семејство го сака мојот син, а ова беше првпат во шест месеци да го види неговиот татко“, вели биолошката мајка на момчето.

Бидејќи многумина јавно ја осудија постапката на маќеата, мајката успеала да се смири благодарение на неверојатната поддршка што ја доби нејзиниот син, но сепак има порака за сите идни маќеа.

„Искрено, мојот совет е да ги запознаете децата пред да стапите во брак. Да ​​изградите врска со нив. И ако некој не сака, не треба да се омажи за нивниот татко”, вели мајката на момчето.

Откако се рашири приказната на Интернет, се огласи и маќеата, која уште еднаш се обиде да ги оправда своите постапки.

„Знам дека се крена голема прашина околу мојата објава. Само сакам да кажам, многу ми е жал што моите семејни фотографии сега можат да се видат насекаде. Не сакав тоа да се случи. Искрено го сакам својот посинок и глупаво е што го напишав тоа што го напишав. Кога се сликавме, го замолив фотографот да ме фотографира само со моите деца, но тие фотографии не испаднаа добро затоа што постојано се обидуваа да побегнат и да одат на игралиште. Не сакав да го отстранам посинокот затоа што го мразам, затоа што тоа не е вистина. Имав фотографии со него, но сакав да ги имам и оние без него. Без оглед како ќе го кажам ова, звучи грдо. Навистина ми е жал што се случува ова. Не сакам никој да мисли дека се однесувам кон него поинаку отколку кон моите деца затоа што не е така Знам дека сте вознемирени поради сè, но навистина ми е жал што излезе така. Жал ми е поради она што го објавив, но сега не можам да сторам ништо за да го повлечам тоа“, напишала маќеата.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]