Мајка на 4 деца, модел и водителка, искрено за постпородилната инконтиненција

Многу мајки по породувањето имаат заедничка тајна, а тоа е инконтиненцијата. Иако со овој проблем се соочуваат голем број жени, често е табу тема.

0
778

Во бременоста матката се шири и создава притисок на меурот. Породувањето ги ослабува мускулите на карлицата што може да предизвика инконтиненција, состојба во која не можете да го контролирате мокрењето. Тоа понекогаш се случува кога кашлате, скокате или трчате, а понекогаш и без некоја посебна причина.

Ребека Џуд е модел и телевизиска водителка, но и мајка на четири деца. Пред девет месеци ги родила близнаците Том и Дарси и одлучила јавно да проговори за овој проблем.

Гостувајќи во шоуто 3 PM Pick-Up таа раскажала како искористила детска пелена по раѓањето на второто дете, кога надвор од дома почувствувала потреба за мокрење.

„Стоев на паркинг, го ставив детето во автомобил, седнав и почувствував дека нема да можам да ја задржам мокрачата“, признала таа.

За среќа, имав чиста детска пелена, се потсетив дека сум мајка и жена и ја ставив. Не направив неред во автомобилот и се спасив“, се пошегувала Џуд.

Водителот ја прашал како успеала да го направи тоа, а таа му одговорила: „Имав труднички гаќи па не беше проблем само да се вметне пелената. Се спуштив подолу во седиштето за да не може да ме види никој на паркингот, а потоа отидов дома и ја фрлив искористената пелена“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]