Кога нејзиното инаку живо бебе, петмесечната Амелија, почнала само да спие и добила треска, Британката Емили Вуџер повикала брза помош. Тие ѝ рекле дека нема причина да се грижи бидејќи веројатно станува збор за вообичаена детска болест.
Но, до 4 април, на Амелија ѝ било сѐ полошо и отишле во болница. На педијатрија Емили била прегледана и биле направени сите тестови, вклучувајќи и тестирање на коронавирус. На 6 април пристигнал позитивен наод.
„Штом дознавме дека има ковид-19, ни беше кажано дека сме во изолација и дека персоналот доаѓа само доколку е нужно. Ручекот ми го оставаа пред вратата и затропуваа на прозорот од вратата за да проверат дали ми треба нешто“, се потсетува мама Емили.
На 7 април ги отпуштиле од болницата со задолжителна 15-дневна домашна изолација.
„Персоналот беше прекрасен. Чувајте ги своите деца и не ги пуштајте надвор“, порачала Емили преку британските медиуми.
Таа на својот Фејсбук профил објавила фотографии од нејзината ќерка за да им покаже на другите како изгледа коронавирусот и ги предупредила дека е важно да се остане дома.
Фото: Фејсбук