Мајка која дои дете среде продавница предизвика дискусија на социјалните мрежи

Една мајка сподели на Фејсбук фотографија на која го дои своето дете среде ИКЕА, предизвикувајќи повеќе спротивставени мислења. Што мислите вие за ова?

0
9797

Оваа мајка сподели на Фејсбук фотографија на која ја дои својата ќерка среде продавница, додека девојчето седи во количката за пазарување. Фотографијата предизвика голем број различни коментари на социјалните мрежи.

„Лили ми побара да ја дојам во продавницата. Сфатив дека почнав да барам агол кадешто би можела да се скријам од очите на јавноста, но потоа се прашав, од што воопшто се срамам“, напиша мајката во својот пост.

„Шестчлено семејство помина покрај мене и сите зјапаа во нас и нешто тивко си шепотеа. Потоа, почнаа да се смеат“, додава таа.

Мајката ја објавила својата фотографија на Фејсбук.

Во бројните коментари, некои ја поддржуваат велејќи дека го дојат бебето на ист начин, но има и такви кои изјавуваат дека нема потреба да се стои на средина од продавницата ако има простории за доење.

Какво е Вашето мислење?

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]