Триесетитригодишната Кристи Орвеленд од Флорида и нејзината ќерка Ела редовно ги воодушевуваат своите 100.000 следбеници на Инстаграм. На социјалните мрежи тие привлекле внимание со нивната сличност, но и со усогласени аутфити на кои им посветуваат многу внимание.
Впечатливите очи и русата коса им се заштитен знак, а многумина ги нарекуваат близначки.
Инстаграм профилот го започнала кога нејзината ќерка имала три години и многу брзо ги остварила првите соработки со брендовите и нивната банкарска сметка започнала да се полни.
Иако Ела сега е исто така успешен мини-инфлуенсер, нејзината мајка вели дека сака да ја заштити од опасностите на социјалните мрежи.
„Сакам да ја заштитам Ела и да ѝ го зачувам детството. Таа има само седум години. Сакам да ја забавувам правејќи некои работи наместо да седи на нејзиниот мобилен телефон и социјалните мрежи. Претпочитам старомоден начин на растење”, тврди оваа мајка.
Фото: Инстаграм