Таа специјална врска што ги поврзува мајката и синот одлично ја опишала на својот блог Табита, мајка на пет деца.
„Мајката е прибежиште за својот син. Тоа е безбедно прибежиште. Кога ќе научи да оди, ќе се оддалечи неколку метри од вас со своите несигурни чекори, па ќе се врати назад кај својата мајка. Ќе се тетерави чекор понапред и ќе се врати кај неговата мајка. Кога ќе се обиде да направи нешто ново, ќе ја побара вашата горда насмевка. Кога ќе научи да чита, ќе ѝ го прочита истиот текст на својата мајка 20 пати по ред, бидејќи неговата мајка е единствената која ќе биде воодушевена сите 20 пати со она што тој може да го стори. Кога ќе оди на тренинг, неговите очи ќе го бараат лицето на неговата мајка и нејзиниот горд поглед на трибините. Кога ќе се разболи, ќе ви се јави. Кога ќе направи белја, ќе ви се јави.
Кога ќе порасне голем и силен, и ќе посака да се расплаче, ќе дојде кај вас, затоа што мажот може да плаче без да ја изгуби самодовербата, само пред својата мајка. Дури и кога ќе биде возрасен човек и ќе ја пронајде љубовта на својот живот, вие сепак ќе бидете неговото прибежиште, кое е секогаш таму.
Секогаш имајте го тоа на ум и сè друго само ќе си дојде на свое место“.
Фото: Pixabay