Пандемијата натера многумина од нас да размислат двапати за тоа што чистиме и колку често. Од бришењето на конзервите со храна од продавница до чистење на рачките на вратите дваесет пати на ден, чистењето стана императив, а напуштањето на куќата без средства за дезинфекција на рацете е одамна заборавено. Иако е важно редовно да се дезинфицираат одредени места во вашиот дом, многу луѓе веруваат дека некои бактерии се добри и всушност можат да му помогнат на имунолошкиот систем, особено на децата.
Многумина сметаат дека децата не треба да се држат под „стаклено ѕвоно“, бидејќи колку и да е чисто и уредно домаќинството, речиси секогаш ќе бидат изложени на бактерии во својата околина. „Децата не треба да се одгледуваат во еден голем заштитен меур“, вели д-р Шери Плат, шефица на педијатриската итна служба во Презбитерианскиот Медицински центар во Њујорк, за Ен-Би-Си. „Вашето дете ќе биде изложено на бактерии во надворешниот свет и ќе може да се бори со просечната изложеност на бактерии.“
Сепак, постојат мајки кои не би се согласиле со горенаведеното така лесно. Меѓу нив е и мајката која, откако видеото беше објавено на Тикток, доби бројни критики. Многу корисници сметаат дека навистина отишла предалеку со дезинфекцијата. Имено, видеото објавено од корисникот Katelynmhhh на ТикТок прикажуваат тетка, мајка и девојче како одат во детски парк. На видеото, девојчето чека трпеливо држејќи ја за рака тетка си, додека нејзината мајка темелно го чисти целиот парк со средство за дезинфекција.
Видеото е прегледано речиси 2 милиони пати и собрало повеќе од 40.000 лајкови. Но, некои корисници пишуваат негативни коментари, бидејќи сметаат дека таквиот пристап е целосно излишен. Еден корисник напишал: „Тие хемикалии (од средствата за дезинфекција) се поштетни од бактериите во паркот, подобро да останете дома“.
„Имунолошките системи се прилично неверојатни … Хемикалиите ги уништуваат. Со среќа!”, напишала друга жена, а трета додала: „Па, зошто воопшто да одиш во парк ако толку се плашиш од бактерии и инфекции“. Еден човек се пошегувал и напишал: „Замислете дека мислите дека можете да се ослободите од бактерии на отворено игралиште“.
Иако многу луѓе рекле дека оваа мајка се однесува премногу заштитнички и дека треба да остане дома, неколкумина ја поддржале нејзината постапка, особено за време на пандемичниот период. „Се што гледам е мајка која со сите сили се труди да го зачува здравјето на своето бебе. Само напред”, рекол еден корисник.
Дали мислите дека постапката на оваа мајка е навистина претерана? Пишете ни го вашето мислење.
@katelynmhhh she really doesn’t play about my niece !! #covid19 #mommydaughter
Фото: Pexels-Pixabay