Доењето има бројни придобивки за бебето, но и за мајката. Не постои препорака за тоа на која возраст е во ред да се дои или не и секоја жена за тоа одлучува сама. На Шерил Вин тоа не ѝ е проблем ниту сега, кога нејзините синови веќе имаат 5 и 6 години.
39-годишната мајка ги дои своите синови Рајли и Мајл ги дои пред училиште, навечер, па дури и во паркот ако сакаат. Смета дека тоа е сосема нормално и дека ги зближило.
„Мајчиното млеко е врвна алатка за родителство бидејќи им помага на децата да се смират и да ги утеши кога се вознемирени или болни“, вели таа.
Иако првично планирала да престане со доењето кога Рајли ќе наполни три години, таа сакала нејзините синови да бидат дел од таа одлука. А Рајли рекол дека нема да престане да цица додека не наполни 10 години.
„Размислувам кога ќе престанам. Меѓутоа, додека децата го бараат тоа, тоа е биолошки нормално. Изборот не е само мој, ние треба да одлучиме заедно”, смета Шерил.
Заради својата одлука таа се соочува со негативни коментари, најмногу од непознати, но и од некои членови на семејството.
„Ме прашуваат дали мислам дека однесувањето на моите деца е нормално. Тие се деца. Тоа не зближи. Знаат дека можат да дојдат кај мене во секое време и да се утешат. Тоа е дел од нашата врска и главната причина што продолжувам да дојам”. тврди таа.
Инаку, оваа мајка ги доела своите синови во тандем додека не станале преголеми за тоа.
Фото: Фејсбук