Мајка влегла во парк да протестира дека е затворен, па била уапсена

Сaра Волтон Брејди, 40-годишна мајка на четири деца од Ајдахо, била уапсена откако ја скршила забраната и влегла во детски парк што бил затворен заради спречување на ширењето на инфекцијата со коронавирус.

0
251

Таа и нејзините деца биле во затворениот дел од паркот нешто пред 16 часот во вторникот, кадешто им се придружиле и други луѓе кои сакале да протестираат против одлуката да се остане дома.

Сето ова го иницирала конзервативната асоцијација Idaho Freedom, која, како што велат, се занимава со „исцрпување на моќта на посебните интереси и ослободување на луѓето од зависноста од владата“. Тие остро се спротивставуваат на наредбите на гувернерот на Ајдахо, Бред Литл и одржуваат мирни протести на разни локации затворени поради пандемијата на коронавирусот.

Полицијата соопштила дека демонстрантите ги отстраниле знаците за предупредување со кои се најавува затворање на игралиштето поради ковид-19. Наводно, Брејди и другите биле предупредувани постојано дека можат да бидат надвор од игралиштето и да ги користат другите делови од паркот ако сакаат.

Според снимките од записникот, полицаецот Брејди ја предупредил да излезе неколку пати, но таа продолжила да се расправа. На крајот, таа го повикала да ја уапси, што и се случило откако таа ги ставила рацете зад грбот.

Додека Брејди ја изнесувале од паркот, луѓето викале дека се тука нејзините деца, но ова не ја натерало полицијата да се премисли.

„Ја замоливме неколку пати да ги почитува правилата, но таа не беше подготвена да соработува и да го решиме проблемот. Овие се тешки времиња и јавноста има право да се собере на мирен протест, но да не го оштетува јавниот имот или да ги игнорира одлуките за затворање на градските објекти “, се вели во полициското соопштение.

Нејзиното апсење доведе до масовен протест пред градското собрание во Меридиан, неколку часови по нејзиното апсење. Сто луѓе го побарале нејзино ослободување, а тоа се случило уште истиот ден. Сепак, таа се соочува со казна од шест месеци затвор или парична казна до илјада долари.

„Јас не бев единствената личност таму, ама само мене ме уапсија. Не си играв со опремата во паркот, не се нишав или не допрев ништо. Но, да, чувствувам дека јас бев единствената уапсена затоа што поставував премногу прашања“, изјавила таа по излегувањето од притвор.

Брејди е основач на групата на антиваксери. Во 2017 година, таа се појавила во медиумите затоа што нејзиниот 5-годишен син не бил примен во градинка затоа што не бил вакциниран. Таа побарала јавно извинување од властите.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]