Мајката на 22 деца покажа како изгледа една филмска вечер во нивниот дом

Сју (44) и нејзиниот сопруг Ноел (48) од Ланкашир имаат дури 22 деца, од кои првото го добиле пред цели 30 години, а најмладото, пред само месец ипол.

0
322

Најголемото британско семејство го поминало викендот гледајќи филмови на отворено. Тие организирале филмска вечер во нивната градина. Извадиле проектор, го наредиле градинарскиот мебел и куп ќебиња и наредиле мали сијалички за да создадат удобна атмосфера.

На Сју и нејзиниот сопруг им се придружиле сите деца, дури и најмладата Хајди во својата бебешка количка.

Семејството го гледало Jurassic World, а имале и куп грицки и слатки.
„Ова беше одлична идеја и децата уживаа во тоа. Не можам да верувам колку е добар проекторот, сликата беше одлична. Хајди спиеше цело време“, рекла Сју, која објавила и видео од незаборавната вечер на нејзиниот ЈуТјуб канал.

Патем, оваа 44-годишна мајка живее со својот 48-годишен сопруг Ноел и 21 дете, од кои најстарото има 30 години, а најмладото месец и половина. Имаат и три внуци.

Фото: Screenshot

[better-ads type='banner' banner='999' ]