Оваа мајка на четири деца објавила на Фејсбук фотографија која го покажува нејзиниот петгодишен син како седи на компјутер и плаче додека учи на далечина.
Фотографијата покажува колку им е тешко учењето на далечина на децата од сите возрасти и дека училиштето не е само место кадешто учат, туку и се дружат со своите пријатели.
Според Комбс, за време на интернет-часот, нејзиниот син станал тажен, ја спуштил главата и почнал да плаче, бришејќи ги солзите од лицето со маицата. Мајката го фотографирала еден момент пред да отиде кај него и да го прегрне.
„Сакав луѓето да ја видат реалноста за она што се случува. Образованието е неопходно за децата, но тоа е и уште повеќе. Социјализацијата и искуството се она што децата го учат на училиште“, рекла Комбс за локалната станица WXIA.
Таа смета дека учењето на далечина не претставува проблем само за децата, туку и за родителите.
„Жонглирате со домашни работи, мали деца, деловни обврски, е-пошта, а потоа и со сè што носи учењето на далечина – различни насоки, платформи и слично“, објаснила таа.
Фото: Фејсбук