Машко или девојче? Мажите го одредуваат полот на детето

Една студија на Универзитетот во Њукасл, која вклучила илјадници семејства, помага прилично сигурно да се утврди дали идните родители ќе имаат синови или ќерки?

0
543

Кори Џелајтли, истражувач од Универзитетот во Њукасл, во своето истражување покажал дека мажите ја наследуваат од своите родители тенденцијата да имаат повеќе синови или ќерки. Тоа значи дека мажот со многу браќа веројатно ќе има синови, додека мажот со многу сестри веројатно ќе има ќерки.

Студијата ја опфатила анализата на 927 семејни стебла. Тие содржат информации за 556.387 луѓе од Северна Америка и Европа, а податоците се протегаат до 1600. година.

Анализата на семејното стебло покажала дека тоа дали веројатно ќе имате син или ќерка – зависи од наследните фактори. Сега знаеме дека мажите имаат повеќе синови ако имаат повеќе браќа, како и дека е поголема веројатноста дека ќе имаат повеќе ќерки ако имаат повеќе сестри. Меѓутоа, кај жените тоа еднставно не може да се предвиди“, објаснува професор Џелајтли. Мажите го одредуваат полот на бебето во зависност од тоа дали нивната сперма носи X или Y хромозом. X-хромозомот на мажите во комбинација со мајчиниот X-хромозом создава женски плод (XX), а Y-хромозомот во комбинација со мајчиниот X-хромозом машки (XY).

Студијата на Универзитетот во Њукасл укажува на тоа дека постои ген кој контролира дали спермата на мажот содржи повеќе X или Y хромозоми, што влијае на полот на неговите деца. Генот се состои од два дела, таканаречени алели, од кои е еден наследен од секој родител. Во својата работа, професор Џелајтли покажува дека е веројатно дека мажите носат два различни типови алели, што резултира со три можни комбинации во генот кој го контролира односот на H и U генот.

Генот кој се пренесува од двајцата родители, заради што некои мажи имаат повеќе синови, а некои имаат повеќе ќерки, може да објасни зошто е бројот на мажите и на жените приближно избалансиран со популацијата. Ако имате премногу мажи во популацијата, жените полесно ќе најдат партнер, такашто мажите кои имаат повеќе ќерки ќе им пренеат повеќе свои гени, предизвикувајќи да се родат повеќе женски деца во подоцнежните генерации“, наведува професор Џелајтли.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]